Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Македонија

Во акциска контрола во Битола изречени 58 санкции, четири лица приведени за управување мотоцикл без возачка дозвола

Во акциска контрола спроведена вчера од 17:00 до 23:00 часот на подрачјето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во акциска контрола спроведена вчера од 17:00 до 23:00 часот на подрачјето на Битола, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи и Одделението за сообраќајно и ескортно обезбедување изрекоа вкупно 58 санкции за сторени сообраќајни прекршоци и кривични дела.

Контролата, како што соопшти МВР, била насочена кон возачи на мопеди, мотоцикли, трицикли, четирицикли и електрични тротинети кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Од вкупниот број санкции, шест се изречени на возачи на електрични тротинети, 25 на возачи кои управувале мотоцикл без заштитен шлем, една за истечена полиса за осигурување, три за управување со несоодветна категорија на возачка дозвола, додека 18 мерки се однесуваат на други сообраќајни прекршоци.

Реклама

При акциската контрола одземено е едно моторно возило за предизвикување на бучавост по член 344 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Полициските службеници откриле и четири кривични дела, при што биле лишени од слобода четири лица поради сомнение дека сториле кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – управување мотоцикл без да поседуваат возачка дозвола. Против сите сторители ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Од Министерството за внатрешни работи најавуваат дека акциските сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредниот период, упатувајќи апел до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел зголемување на безбедноста на патиштата.