Реклама

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Македонија

Воспоставувањето современи дигитални решенија за достапност, ефикасност и квалитет на обуките за јавните службеници во фокусот на средбата Минчев – Пауновиќ

– Нашето партнерство се претвора во конкретни активности и резултати што ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Нашето партнерство се претвора во конкретни активности и резултати што ќе придонесат за развојот на јавната администрација во двете земји,  истакнаа на денешната заедничка прес-конференција во Скопје министерот за јавна администрација, Горан Минчев и министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Србија, Снежана Пауновиќ.

-Во рамки на одбележувањето на Денот на јавната администрација, денес имав можност да остварам билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Република Србија. Средбата беше посветена пред се на разгледување на напредокот што е постигнат во спроведувањето на активностите предвидени со Меморандумот за соработка меѓу нашите две министерства, како и на следните чекори за негово понатамошно операционализирање – рече Минчев на прес-конференцијата.

Тој истакна дека особено го радува фактот што заедничката работна група, формирана со цел координација и реализација на активностите од Меморандумот, активно работи и бележи значителен напредок во повеќе области од заемен интерес. Работната група функционирала со висок интензитет и посветеност, а резултатите што досега биле постигнати, претставувале цврста основа за понатамошно продлабочување на соработката.

Реклама

-Република Србија, преку својата Национална академија за јавна администрација, претставува успешен пример во регионот за систематски пристап кон професионалниот развој и континуираното усовршување на јавните службеници. Токму затоа, искуствата и добрите практики што ги развила Академијата се од особено значење за нас и претставуваат вредна основа во процесот на модернизација на системот за обуки во нашата администрација – додаде тој.

На средбата било разговарано за активностите поврзани со развојот и усогласувањето на програмите и модулите за обука, размената на едукативни содржини и методологии, како и за можностите за заеднички пристап во креирањето современи програми за професионален развој на административните службеници.

-Посебно внимание посветивме и на дигиталната трансформација на процесот на учење и обука. Во таа насока, работната група активно работи на размена на искуства поврзани со системите за управување со учење – ЛМС, развојот на електронски модули и воспоставувањето современи дигитални решенија што ќе овозможат поголема достапност, ефикасност и квалитет на обуките за јавните службеници – дециден беше министерот.

Тој истакна дека убеден е дека преку ваква практична и динамична соработка ќе се успее да се изградат уште посилни институционални капацитети, да се унапреди квалитетот на јавните услуги и да се создаде администрација што е професионална, компетентна и целосно ориентирана кон потребите на граѓаните.

-Денешната средба уште еднаш потврди дека нашето партнерство не останува само на декларативно ниво, туку се претвора во конкретни активности и резултати што ќе придонесат за развојот на јавната администрација во двете земји – заклучи Минчев.

Неговата колешка, Пауновиќ, исто така, изрази задоволство од состанокот.

-Пред нас се предизвици, како пред Македонија, така и пред Србија, на европскиот пат, да ја прилагодиме својата јавна администрација кон европските вредности – рече таа, меѓудругото.

Таа истакна дека се разговарало околу тоа дека јавната администрација мора да биде унапредена до одредено ниво и во таа насока, подвлече, неизоставно мораме да соработуваме во регионот и да разменуваме примери од добра пракса.

-Секако во 21. век, еден од поголемите предизвици претставува и дигитализацијата, на што Србија одговори со полн капацитет – додаде Пауновиќ.

Таа подвлече дека помладите генерации бараат да се биде посовремен.


-Соработката меѓу овие две министерства, сигурна сум, ќе се интензивира и продолжи и на тоа многу се радувам, зашто се е во корист на жителите и на Македонија и на Србија – подвлече Пауновиќ која го покани Минчев во возвратна посета во Белград.

Прашана, од аспект на соработката, дали се планира меѓусебно признавање на електронски документи, сертификати, работни дозволи и слично, за потреби на работници кои емигрираат од едната во другата држава.

-Ова се ситни чекори во таа насока. Важно е да се олесни функционирањето во двете земји – одговори Пауновиќ и рече дека со времето ќе се надминат некои ситни недостатоци што сега ги има.