Реклама

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

И наставниците се задоволни од успехот на учениците на испитите од државната матура

Владата не отстапува – историјата и идентитетот се црвената линија која нема да се погази

Цените остануваат стабилни – Инфлација од само 0,1% на месечно и 2,3% на годишно ниво

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Прилози

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Вонредна состојба со водата во Гостивар. Чешмите не смеат да се користат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вонредна состојба со водата во Гостивар. Чешмите не смеат да се користат за пиење. Инспекторите од АХВ откриле нелегално поставена пумпа која, според надлежните, внесувала вода од реката Вардар директно во градскиот водовод. Во меѓувреме,гостиварската болницата е преплавена со пациенти. За само три дена околу  1.200 граѓани побарале лекарска помош со исти симптоми, стомачни болки, повраќање, дијареја, температура и малаксаност. Меѓу пациентите има и повеќе од 300 деца. Од болницата за Алфа велат дека најголем притисок има на Инфективното, Детското одделение и Ургентниот центар.Лекарите веќе прават епидемиолошки анкети за да се открие изворот на заразата.

Изминатите три дена лекарска помош побарале повеќе од 1.000 пациенти со симптоми како повраќање, дијареја, болки во стомакот, температура и малаксаност. Меѓу нив има и околу 320 деца. Нема хоспитализирани пациенти, туку сите се амбулантски третирани, дел од нив примија терапија и се пуштени на домашно лекување. Симптомите наликуваат на вирусна епидемија, а се очекуваат резултатите од Институтот за јавно здравје, кои треба да дадат повеќе информации за причинитевелат за Алфа од болницата во Гостивар.

Полицијата и обвинителството отворија истрага. И од СВР Тетово по преземените активности утврдиле дека причината најверојатно била во вбризгување на загадена вода во градскиот водовод за да се зголеми притисокот во водоводната мрежа од црпно место во село Вруток.

Реклама

Поради сомнение за сторено кривично дело „загадување на вода за пиење“, предвидено и казниво по член 219 од Кривичниот законик во расчистувањето на овој случај вклучена е и полицијатавелат од СВР Тетово.

Екипите на Центарот за јавно здравје веќе зеле примероци од четири локации, резултатите кои треба да дадат одговор дали водата е безбедна за пиење се чекаат 72 часа.