Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Водата во Гостивар се уште е неисправна за пиење и за техничка употреба – граѓаните строго да ги почитуваат препораките на надлежните

Согласно резултатите од анализите на мострите извршени од Институтот за јавно здравје,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Согласно резултатите од анализите на мострите извршени од Институтот за јавно здравје, водата во Гостивар во моментов е неисправна за пиење и за техничка употреба. Граѓаните се повикуваат строго да ги почитуваат препораките на надлежните институции и до понатамошно известување да не ја користат водата од водоводната мрежа.

Ова е информација за која, меѓудругото, се разговарало на денешната седница што се одржала во Центарот за управување со кризи се одржа седница на Главниот штаб со која претседавал министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

На седницата биле разгледани и други информации поврзани со состојбата со водоснабдувањето во Општина Гостивар, при што биле донесени повеќе заклучоци и мерки за заштита на здравјето на граѓаните.

Реклама

Главниот штаб ја задолжил Општина Гостивар итно да предложи локации и контакт-лица за воспоставување пунктови за дотур на техничка вода за објектите од витално значење.

Истовремено било потенцирано дека Институтот за јавно здравје, ЈП „Водовод“ – Скопје и Агенцијата за храна и ветеринарство ќе продолжат со засилени теренски испитувања на квалитетот на водата, а резултатите редовно ќе ги доставуваат до Главниот штаб при Центарот за управување со кризи.

-Армијата на Македонија ги стави во приправност двете цистерни за дистрибуција на техничка вода, кои ќе бидат ангажирани доколку Главниот штаб процени дека е потребно. Во координација со Општина Гостивар, Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје, Агенцијата за храна и ветеринарство и Центарот за јавно здравје Тетово–Гостивар, Центарот за управување со кризи ќе продолжи навремено да ја информира јавноста за сите мерки, препораки и активности поврзани со користењето на водата, се вели во информацијата од ЦУК.

Дополнително, општините Куманово, Тетово, Дебар, Кичево, Кавадарци и Неготино ќе обезбедат техничка вода со сопствени цистерни за потребите на граѓаните на Општина Гостивар, на однапред утврдените пунктови.

Во согласност со одлуката на Владата на Македонија, Службата за општи и заеднички работи ќе продолжи со дистрибуција на вода за пиење до граѓаните на Општина Гостивар.

Центарот за управување со кризи апелира до сите граѓани на Општина Гостивар доследно да ги почитуваат препораките на надлежните институции и да ги следат официјалните информации што ќе бидат објавувани во текот на денот.