Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчи додека Бугарија го загрозува државниот интерес 

– Објавувањето на доверлива дипломатска комуникација од страна на Бугарија е скандал…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Објавувањето на доверлива дипломатска комуникација од страна на Бугарија е скандал без преседан и директен удар врз безбедноста и достоинството на Македонија. Тоа е сериозен дипломатски скандал и чин кој отвора низа прашања за одговорноста, професионалноста и почитувањето на меѓудржавните односи, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. 

Бугарското МНР тврди дека документот е за далечното минато, но без разлика на обидите на бугарското Министерство за надворешни работи да го релативизира случајот со тврдења дека станува збор за информации од подалечно минато, останува фактот дека во објавената нота се содржани конкретни податоци. Токму тоа е суштината на проблемот. Не е прашање дали информациите се од вчера или од пред одреден период, туку како доверлив дипломатски документ, кој содржи чувствителни безбедносни информации, завршил во јавноста. 

Доколку податоците не биле точни, тогаш бугарските власти ќе можеа лесно и недвосмислено да го демантираат нивниот карактер и значење. Наместо извинување, тие се обидуваат вниманието да го префрлат на временската рамка на настаните, избегнувајќи да одговорат на клучното прашање зошто воопшто биле објавени информации што биле дел од доверлива дипломатска комуникација.

Реклама

Бугарија се изјасни но Венко Филипче се уште молчи. Филипче секојдневно зборува за европски вредности, добрососедство и партнерство, но сега молчи и нема ниту еден збор за дипломатскиот преседан што го направи Бугарија. Нема реакција ниту за нарушувањето на довербата меѓу две држави, ниту за објавувањето на чувствителни информации кои не требало да бидат достапни за јавноста. 

Филипче молчи за да не му се налутат бугарските соработници. Филипче и СДСМ молчат и тоа е познат образец на однесување секогаш кога станува збор за потези кои доаѓаат од официјална Софија. 

Филипче и СДСМ се гласни дома а тивки кога треба да се упати критика кон Бугарија. Со тоа Филипче и СДСМ испраќаат порака на подготвеност за премолчување на постапки кои се спротивни на интересите на Македонија. 

Овој случај е доказ дека на европскиот пат Македонија ќе се соочува со бројни предизвици, притисоци и обиди за наметнување на туѓи позиции. Токму затоа е потребно национално единство и јасна одбрана на државните интереси. 

Овој скандал уште еднаш покажа кој е подготвен да ја брани Македонија, а кој е подготвен да молчи кога државата е нападната. 

Македонија нема да се повлекува  и нема да прифаќа понижувања. Националните интереси не се предмет на пазарење.