Реклама

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ манипулира со економските податоци, лагите не можат да ги скријат резултатите на Владата

СДСМ манипулира со економските податоци, лагите на СДСМ не можат да ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ манипулира со економските податоци, лагите на СДСМ не можат да ги скријат резултатите на Владата на ВМРО-ДПМНЕ и тоа што економијата се движи напред, се инвестира и се гради, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ манипулира и се служи со селективно толкување на економските податоци.

СДСМ очајно се обидува да создаде црни сценарија, конструкции и неоснован песимизам кај граѓаните.

Реклама

Проекциите на Меѓународниот монетарен фонд се прогнози, а не конечни резултати. Истата институција очекува Македонија да продолжи со стабилен економски раст, при што земјата останува меѓу економиите со позитивни перспективи и макроекономска стабилност.

СДСМ зборува за економија, а заборава дека токму во време на владеењето на СДСМ и ДУИ Македонија се соочи со рекордна инфлација, историски највисоки цени на храната и енергенсите, изгубена доверба кај инвеститорите и сериозно нарушени јавни финансии.

Денес Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на капитални инвестиции, нови инфраструктурни проекти, подобрување на деловната клима и привлекување нови домашни и странски инвестиции. Ефектите од овие политики на Владата на ВМРО-ДПМНЕ се мерливи и видливи.

Буџетот останува стабилен, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ  обезбедува средства таму каде што се најпотребни и  одговорно управува со јавните финансии.

Со ребалансот на Буџетот се обезбедуваат повеќе пари за проекти во општините, земјоделството, раст на платите, студентски и ученички стандард, социјална заштита, капитални инвестиции и забрзување на инвестицискиот циклус.

Инфлацијата се намали и изнесува 3,4%, владините мерки преземени за време на енергетска криза дадоа резултати.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ работи на реални проекти и ги реализира, започнува изградбата на автопатот Скопје – Блаце, а на целата територија на државата се развиваат 6 автопатски делници.

Заврши времето на СДСМ и ДУИ кога буџетската каса беше празна, државата оставена на раб на банкрот а јавните финансии се трошеа на луксузирање на функционерите на СДСМ и ДУИ.

СДСМ да не се обидува залудно да ги плаши пензионерите со неосновани тврдења. Исплатата на пензиите е редовна и сигурна, а Владата останува посветена на зајакнување на пензискиот систем и подобрување на животниот стандард на пензионерите.

Граѓаните добро знаат дека СДСМ и ДУИ ја оставија државата со високи долгови, корупциски скандали и изгубени години во економскиот развој. Наместо да шири страв и дезинформации, СДСМ треба да понуди аргументи и да  преземе одговорност за сопствените погрешни политики.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува фокусирана на економски раст, нови инвестиции, отворање работни места и подобрување на животниот стандард на сите граѓани.