Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ веднаш да побара одговорност од градоначалникот на Гостивар Лимани

СДСМ денес го испрати мали Фрчко да дели совети за како треба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ денес го испрати мали Фрчко да дели совети за како треба да се прослави независноста на државата, а не му кажаа да побара одговорност од Валбон Лимани, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Во ниту еден момент од СДСM не побараа одговорност од градоначалникот на Гостивар, за скандалот кој се случи со водата, и продолжуваат да го заобиколуваат Лимани.

Во коалиција со ДУИ и Таравари, се обидуваат и оваа криза да ја претворат во алатка за да си собираат поени, а затоа што градоначалникот е од нивните редови не се осмелуваат да одржат прес-конференција за него.

Реклама

Градоначалник кој вели дека не чувствува никаква вина, а и не успеа да се справи со кризата. Локалната власт таму доцнеше со секаква реакција и не интервенираше.

Граѓаните од гостивар добиваат секој ден над 60 тони вода и останати технички потреби од страна на СОЗР. ИЈЗ и Министерството за здравство предочи мерки и препораки за како да се справат со оваа епидемија.

Има и приведени од страна на надлежните и се работи на обезбедување докази кои ќе се достават до обвинителството, а се работи и на решавање на овој проблем.

СДСM треба да им се извини на граѓаните што секоја криза, се обидува да ја претвори во тема од која ќе извлече нешто за себе, и веднаш да побара одговорност од Лимани.