Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Пратеникот Филипче никаде го нема кога се дискутира за суштински прашања за граѓаните и државата во македонското Собрание

Венко Филипче го нема никаде кога треба да се дискутира и разговара…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венко Филипче го нема никаде кога треба да се дискутира и разговара за разни прашања кои ги засегаат граѓаните и државата. Венко Филипче, како пратеник кој зема плата од даноците кои ги плаќаа македонските граѓани, не зел збор за ниту една суштинска дебата во Собрание, не учествувал безмалку на сите седници наменети за пратенички прашања, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Го немаше да дискутира во Собрание ниту вчера, ниту викендов, ниту пак се јави за дискусија минатата недела. Каде беше пратеникот Филипче, изминатиов период кога местото на дебата е во Парламентот?

И откако сè ќе помине, еве го Филипче прв да се јави со празни и бесцелни прес-конференции.

Реклама

Од друга страна, како продолжена рака и чувар на претседателското партиско столче на Зоран Заев, Филипче им дава насоки на пратениците од пратеничката група на СДСМ да ги напуштат работните групи за важни закони како што е Изборниот законик.

Во однос на Реформската агенда, по односот што го имаат кон Изборниот законик, можеме да заклучиме само едно нешто. СДСМ на Венко Филипче со нивниот неформален коалициски партнер Левица, прават се да ја блокираат државата и да го спречат напредокот на патот кон полноправно членство во Европската Унија.

Друго оправдување за нивните постапки и намера по секоја цена да го спречат носењето на реформскиот Изборен законик со кој, меѓу другото се проширува и олеснува остварувањето на демократското право на глас за дијаспората, нема.