Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ официјално ја поднесе интерпелацијата за Талат Џафери

Навреди, омаловажувања, пцуење – никогаш немало толку скандали и понижувања во Законодавниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Навреди, омаловажувања, пцуење – никогаш немало толку скандали и понижувања во Законодавниот дом – остро реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ која официјално ја поднесе интерпелацијата за собранискиот спикер и ги повика сите партии да дадат поддршка, Талат Џафери да си замине од функцијата „претседател на Собранието“.

Ги повикуваме сите пратеници од овој парламентарен состав да се приклучат кон оваа интерпелација и заедно сите да ставиме крај на овој човек кој што си ја има присвоено оваа функција и се однесува како да има право да вреѓа, да пцуе, да омаловажува и да заклучува пратеници – изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.

За СДСМ не е скандал тоа што Џафери ги пцуеше вработените – тој ја пцуел нивната работа. Уште помалку е скандал заклучувањето пратеници во пленарна сала. Прашан, дали него како човек го допираат пцуењето и навредите, координаторот Јован Митрески го оправдува Џафери – и тој бил човек од крв и месо.

Реклама

Тој не ги пцуеше нив туку работата, тоа беше тензичен ден и секој човек од крв и месо може да излезе од контрола. Не го оправдувам ова однесување, но Комисијата го има последниот збор – изјави Митрески.

Дека тензиите во Собранието растат од ден на ден потврдуваат и од Алијанса за Албанците –  Џафери не е претседател на сите пратеници во Собранието туку слуга на владеачкото мнозинство.

Талат Џафери е ставен во улога на слуга на владеачкото мнозиство, во улога на слуга на првиот вицепремиер Артан Груби и во никој случај тој не е претседател на сите пратеници во Собранието на Република Сверна Македонија, што всушност треба и да биде. Последните случувања се дел од една добро режирана театарска претстава во која главната улога ја има Талат Џафери, кој служи како иструмент за да се покријат секојдневните теми, скандали и неуспеси на оваа влада – изјави Елми Азири од Алијанса за Албанците.

Интерпелацијата ја поддржаа и БЕСА и Левица, од каде велат дека Џафери целосно го изгубил кредибилитетот, но не и либералдемократите кои обвинија дека ВМРО-ДПМНЕ прави политички циркус.

Согласно законските рокови, Џафери најдоцна за 15 дена треба да прати писмен одговор. После реакцијата на Џафери започнува да тече рокот од дополнителни 15 дена во кои спикерот треба да закаже седница и интерпелацијата да ја стави на дневен ред.

Адријана Алекисеска