Реклама

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Додека едни само ветуваа и купуваа парцели, Владата преминува кон изградба на автопатот Скопје – Блаце

Македонија забрзано инфраструктурно се гради и се развива. Нема дел од државата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија забрзано инфраструктурно се гради и се развива. Нема дел од државата каде не се инвестира и не се гради некој капитален инфраструктурен проект, се наведува во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Со засилено темпо се реализира поставената цел и визија, Македонија да стане клучна сообраќајна крстосница во балканскиот регион.

Од следниот месец ќе почнат градежните активности за изградба на долгонајавуваната автопатска делница Скопје-Блаце, преку која Македонија ќе има пристап до пристаништата во Црна Гора и Албанија и ќе ја поврзе со соседно Косово.

Реклама

Додека за овој автопат само се даваа празни ветувања и се купуваа парцели вдолж предвидената траса од одредени лица со сомнителна позадина и лица поврзани со некои политички партии, владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ потпиша договори, обезбеди финансиски средства, избра консултант и изведувач, а надзорот е во процес на евалуација.

Интензивно се работи на целосно завршување на останатиот дел од автопатот Охрид-Кичево по кој веќе се вози на 37 километри од самата делницата, а на почеток од 2027 се очекува целосно да биде пуштен во употреба.

На оваа автопатска делница, за две години се решија голем број наследени проблеми, се потпиша Анекс на договорот со кој се засилува динамиката на изградба и се смени Правилникот за технички услови со што се смени рецептурата на асфалтот за да може да се продолжи со завршно асфалтирање и со т.н. галерии се најде решение и за косините.

Од друга страна, со полна пареа се работи и на автопатиштата кои се дел од Коридорите 8 и 10Д. И таму се решаваат наследените нерешени проблеми, како што е експропријацијата и на терен се забележува голем напредок.

Ваквото инвестирање во патната инфраструктура доведе до тоа, во Македонија да се случува голем градежен бум невиден до сега во поновата историја на државата.