Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Владата реализира реформи и гради европски систем за заштита на животната средина

Владата на ВМРО-ДПМНЕ со конкретни проекти, законски решенија и инвестиции ги поставува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата на ВМРО-ДПМНЕ со конкретни проекти, законски решенија и инвестиции ги поставува темелите на современ и ефикасен систем за заштита на животната средина, усогласен со европските стандарди, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Реформите на Владата на ВМРО-ДПМНЕ носат почиста животна средина и поефикасни услуги за сите граѓани.

Во рамките на Реформската агенда веќе се преземаат конкретни чекори за намалување на бирократијата и подобрување на услугите за граѓаните и компаниите. Анализирани се 31 административна постапка, а 15 од нив ќе бидат поедноставени до крајот на 2026 година, што ќе значи побрзи процедури, помалку административни пречки и поефикасни институции.

Реклама

Паралелно, Владата на ВМРО-ДПМНЕ инвестира во модерна инфраструктура за управување со отпад. Испорачана е нова комунална механизација за општините, а се интензивираат подготовките за изградба на регионалните центри во Русино и Новаци, како и претоварните станици, додека центарот во Свети Николе е во напредна фаза на реализација.

Посебен приоритет на Владата на ВМРО-ДПМНЕ е транспарентноста. Затоа започна подготовката на дигитален регистар со јавно достапни информации за индустриските емисии, со што граѓаните ќе имаат директен увид во состојбите и работењето на институциите.

Во исто време се спроведува темелно усогласување на домашното законодавство со европските стандарди преку новиот Закон за климатска акција, како и новите закони за природа, животна средина и заштита на Белчишко и Студенчишко Блато.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ испорачува резултати.

Со конкретни реформи, силни инвестиции и јасна визија се градат почиста животна средина, поефикасни институции и повисок квалитет на живот за сите граѓани.