Реклама

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Брисел ја препозна Македонија како лидер во реформите, СДСМ да не го кочи напредокот на државата

Европската комисија ја демантира реториката на СДСМ за реформите. Европската комисија уште…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Европската комисија ја демантира реториката на СДСМ за реформите. Европската комисија уште еднаш потврди дека Македонија е една од земјите што предничат во спроведувањето на реформите од Реформската агенда. Заедно со Албанија и Црна Гора, Македонија е препознаена како лидер во регионот според постигнатите резултати, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Оценка на Европската комисија е јасен доказ дека државата се движи во правилна насока и дека реформите се препознаени од институцијата која единствено ги оценува нивниот квалитет и напредок.

Дополнително, Европската комисија предлага реалокација на средства од Планот за раст, при што поголем дел од финансиската поддршка треба да биде насочен кон земјите што покажуваат најдобри резултати.

Реклама

Тоа е признание за сработеното, но и можност Македонија да обезбеди дополнителни средства за развој.

Токму затоа е неразбирливо зошто СДСМ продолжува со политички блокади на законите што произлегуваат од Реформската агенда.

Со секоја опструкција на СДСМ и Левица не се попречува Владата, туку се попречува исполнувањето на обврските на државата и се ризикуваат можностите што ги отвора Планот за раст.

Ги повикуваме СДСМ и Левица да ги остават дневнополитичките интереси настрана и да покажат државничка одговорност.

Законите што се дел од Реформската агенда, вклучително и Изборниот законик, треба да добијат поддршка затоа што се во интерес на граѓаните и на европската иднина на Македонија.

Реформите носат резултати. Тоа денес го потврдува Европската комисија. Време е сите политички чинители да престанат со блокади и да застанат зад интересите на државата.