Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Блокадата на Изборниот законик е заеднички проект на СДСМ, Левица и ДУИ

Единствената коалиција која функционира е Левица, СДСМ и ДУИ кои се обединети…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Единствената коалиција која функционира е Левица, СДСМ и ДУИ кои се обединети за блокада на Изборниот законик, поради страв од избори си подготвуваат предвреме алиби. Наместо да поддржат закон кој ги вградува препораките и го подобрува изборниот процес, тие свесно ја кочат постапката и бараат нови изговори – се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

На јавноста и е јасно дека ова не е борба за подобар Изборен законик, туку обид однапред да се создаде алиби за изборниот пораз што ги очекува.

Венко Филипче после 4 месеци преговори во Собранието за Изборниот законик најде нов изговор и се сети дека му се потребни експерти.

Реклама

СДСМ ќе бара оправдувања, Левица ќе измислува нови конструкции, а ДУИ ќе продолжи да бега од одговорност.

Но фактите се јасни, трите партии не сакаат реформи и токму тие се виновни што новиот Изборен законик се уште не е донесен.

На Македонија и се неопходни функционални институции и фер изборен процес, а не опструкции мотивирани од теснопартиските интереси на СДСМ, ДУИ и Левица.

Македонија е признаена како лидер во Реформската агенда а тоа што не се носи новиот изборен законик е вина на СДСМ, Левица и ДУИ.

Граѓаните ги гледаат овие политичките манипулации и калкулирања и токму затоа на следните избори ќе ги казнат овие партии на кои не им се важни граѓаните туку личните лукративни цели.