Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Власта не гледала скриена амнестија во тоа што на криминалците од највисок ред ќе им се кратат затворските казни

Немало никаква амнестија со тоа што со новиот кривичен законик на криминалците…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Немало никаква амнестија со тоа што со новиот кривичен законик на криминалците од највисоките редови ќе им се намалуваат казните, законот бил добар и во согласност на ЕУ регулативите, ќе имало и конфискација на имоти – Јавноста врие, но премиерот се правда за измените на кривичниот законик кои експресно се донесоа во Парламентот со залепено европско знаменце. Законот кој драстично ги намалува казните за злоупотреба на службената положба според Ковачевски бил добар и со него никого немало да амнестираат. Ковачевски дури уверува дека сега во него имало и член со кој се намалуваат затворските казни, а сме добивале и поефикасни судски постапки.

Според тоа судските постапки траат со години некои и со децении и никогаш не се случува да комплетно имотот кој бил злоупотребен врз основа на неправилно спроведени постапки на некој кој тоа го направил да биде конфискуван во целост и целиот кој потоа бил надоградуван врз основа на така стекнат имот. Со ова се овозможува токму тоа. Со ваквите измени овозможуваат поголема ефикасност и поголема ефективност на судските постапки, изјави Ковачевски.

Ни претседателот на државата не гледа проблем со новите измени на кривичниот закон, кој експресно го потпиша. Пендаровски тврди дека со ниту една одредба  немало амнестија. Кратењето на казните според него очигледно не се проблем, оти ќе имало конфискација на имот.

Реклама

Со измените на Кривичниот закон нема никаква амнестија. Ниту една одредба не го предвидува тоа. Се скратуваат затворските казни за некој дел, па ако биле десет, сега се пет години или ако биле пет, сега се четири години. Значи, затворот останува. Исто така, се проширува или олеснува процедурата за конфискација на имот, рече Стево Пендаровски – претседател на државата.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги осудува ваквите измени на законот, партијата на Мицкоски е на ставот дека новините во кривичниот закон биле како што велат оти СДСМ и ДУИ се спремале за опозиција и криминалот кои што го правеле изминатите 6 години сакале на овој начин да го сокријат. Коментирајќи го потпишувањето на законот од страна на Педнаровски, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека : Пендаровски уште еднаш потрчал да се допадне на СДСМ наместо да трчал да ги заштити законите и правдата, и се тоа за нова кандидатура за претседател.

Со тоа Пендаровски станува соучесник во амнестијата која СДС и ДУИ ја прават за да се сокријат од скандали како актуелниот за Онкологија, како скандалот со човечки жртви „Беса Транс“, модуларна, „Соравија“, пасоши за криминалци, за Мерко, за фирмите за струја, за плацевите за панели… Ништо нема да ги спаси од средбата со народот, а потоа и со правдата и одговорноста“, рече Стоилковски.

Инаку измените на Кривичниот законик, уште вчера се објавија во Службен весник, а ќе стапат во сила на сила на осмиот ден од објавата.  За повеќето членови е наведено дека ќе почнат да се применуваат шест месеци по стапувањето на сила, но тоа не се однесува и на измените на делата за злоупотреба на службената положба и овластувања што значи дека тие ќе почнат да важат за една недела отсега.