Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Прилози

Венецуела ден по разорните земјотреси- бројот на жртви расте, се бараат преживеани под урнатините

Венецуела се соочува со катастрофални последици по двата силни земјотреси. Спасувачите брзаат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венецуела се соочува со катастрофални последици по двата силни земјотреси. Спасувачите брзаат да ги пребараат урнатините за да спасат животи. Венецуелските власти засега пријавуваат најмалку 235 загинати , над 4.300 повредени и над 40 илјади исчезнати.

Многумина останаа без домови. Околу 250 згради се целосно урнати, додека уште стотици се во опасност од уривање.

На терен, ситуацијата е критична поради недостигот на тешка механизација и напредна опрема за пребарување. Снимките од Каракас и Ла Гваира покажуваат како спасувачките екипи и локалното население користат мобилни телефони како извори на светлина за пребарување низ урнатините во темница.

Реклама

Според достапните информации, во градот Ла Гваира, еден од најтешко погодените, десетици луѓе ограбиле неколку продавници и деловни објекти во текот на ноќта.

Во трката со времето за пронаоѓање преживеани, меѓународната заедница започна масовна операција за помош. САД издвоија 150 милиони долари и ја ангажираа Јужната команда на американската армија за логистичка поддршка. Помош пристигна и од Германија која испрати специјализирана опрема и обучени кучиња за пребарување. Се мобилизираа и Мексико, Бразил, Катар, Шпанија, Колумбија.

Катастрофата се случи во момент кога Венецуела веќе се бори со долгогодишна економска криза, висока инфлација и нестабилно снабдување со енергија. Привремената претседателка Делси Родригез прогласи вонредна состојба и најави формирање на почетен фонд од 200 милиони долари за обнова на инфраструктурата и болниците.