Реклама

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Македонија

Брегалница – жртва на еколошката негрижа

Брегалница се уште останува да важи како река од 4-та категорија по…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Брегалница се уште останува да важи како река од 4-та категорија по загаденост. Тоа кажува и колкава е грижата на луѓето кон природата. Неконтролираното испуштање на канализациски и индустриски води, но и ѓубре се причина за нарушување на биодиверзитетот во одредени делови на реката. Состојбата е алармантна посебно во летниот период.

„Најмногу се нарушени микробиолошките параметри, каде имаме од оние термостабилни колоформни бактерии во огромни количини, од кои најголем дел се од фекално потекло„-изјави проф.Георги Димов, Факултет за природни и технички науки-УГД-Штип

По Брегалница која  е втора по должина  река во државата има само две пречистителни станици на отпадни води. Едната во Берово, а другата кај село Мојанци , кочанско. Според граѓанските активисти најголем загадувач се комуналните отпадни води и не третираната индустриска вода кои успеваат да се влеат во Брегалница.

Реклама

„Нивните води прво излегуваат на отворено во Оризарска река, а од таму во Брегалница. Водите во регионот се загадени од компанијата Пејпер Мил и некој други придружни компании што немаат пречистителни станици, но примарна е Пејпер Мил„ – изјави Горан Лефков, граѓански активист.

Прелистителните станици се капитални инвестиции и не би можеле да се изградат без донаторски средства. Штип се уште нема ваков објект, но има проект и во тек е ревизија на изготвената документација, објаснува штипскиот градоначалник.  За да се реализира потребни се 25милиони евра.

„Капиталниот проект кој ќе се финансира со најголем дел од средствата од ЕУ, од ИПАРД 3програмата и преку министерствата за финансии и животна средина, се очекува да биде распишан тендер„ изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Брегалница  спаѓа во групата на многу загадени реки. Поради проблеми во колоекторскиот систем реката беше обоена во црна, црвена и сива. Последен пат , откако пукна црево од цистерна во фабрика во ТИРзоната, реката речиси два дена беше во бела боја. 

Александра Ристевска