Реклама

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Македонија

Бојкот на наставата и протести на родители пред училиште во Јурумлери

Како што најавија, родителите на учениците од основното училиште „Његош“ во Јурумлери…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Како што најавија, родителите на учениците од основното училиште „Његош“ во Јурумлери денеска не ги пуштија своите деца на настава. Родителите бараат министерот Шаќири да не им прави притисоци за отворање на нови паралекси бидејќи нема услови за тоа. Посочуваат дека учениците посетуваат настава до 17 часот, а со воведување на нови паралелки наставате ќе трае до 21 часот. Порача дека нема да дозволат нивните деца да се вратат во 19ти век и да посетуваат настава во вечерни училишта.

Ако тргнат на сила да носат решенија, настава нема да има до крај на годината – порачаа родителите.

  • „Не ги издвојуваме нашите сограѓани албанци од ова општество, ние живееме со тие луѓе со години, комуницираме, ние бараме само дополнителен простор во нашето училиште, затоа што просторот сега е мал. Во моментов има дневен центар со 60 дечиња, што е неприфатливо. Има една наставничка, што е неприфатливо. Нема услови во училиштето. Затоа бараме проширување на капацитетот, бараме нови вработувања, нов наставен кадар.“

Министерот пак најави дека утре ќе се сретне и ќе разговара со нив.

Реклама
  • „Просветен инспкторат има реалзиирано целосна контрола во училиштето за да го анализираат тоа што го потврдуваат и од општинита и од родителите. Никогаш нема да се донесе одлука која што ќе е на штета на ниту една страна. Јас и на градоначалникот му кажав дека ако се потребни простории во истото училиште, барам најхитно да се достави проект за да можеме да го реализираме тука во истото училиште“ – Порача Шаќири.

Иницијативата на родителите кои протестираат три дена, рече, е затоа што сметаат дека нема простор во училиштето. Додаде дека и Просветниот инспекторат ја анализирал состојбата.

Според родителите решението е отворање на ново училиште, а не отворање на нови паралеки.
Родителите на учениците кои следат настава на албански јазик пак, протестираат веќе цел месец и бараат да се отворат нови паралелки од 5то до 9то одделение.

Никола Цветкоски