Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Бесплатно одлагање кабаст отпад во центарот за селекција во Карпош

Општина Карпош ги известува своите жители, дека сѐ уште можат да го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Карпош ги известува своите жители, дека сѐ уште можат да го одлагаат кабастиот отпад од своите домаќинства во пунктот на ЈП Комунална хигиена – Скопје, кој се наоѓа во населбата Карпош 3 на бул. „Илинден“ (позади бензинската станица „Макпетрол“, во непосредна близина на СЦ „Борис Трајковски“).

Од општината потенцираат дека граѓаните дека можат самите да го одложат кабастиот отпад (од 07 до 19 часот, секој ден во неделата), во којшто спаѓаат стариот мебел, душеци, кревети и слична покуќнина, електронски и електрични апарати, санитарија, дрвенарија, (прозорци, врати и сл.), без да  платат паричен надоместок.

-Доколку не се во можност да го сторат тоа, карпошани можат да закажат услуга до ЈП Комунална хигиена, која со специјални комунални возила ќе го преземе и транспортира кабастиот отпад од нивните домови. Оваа услуга се наплаќа, а термините за закажување се од понеделник до петок, во период од 07 до 15 часот на следните телефонски броеви: 0800 222 33 и 3216 644, појаснуваат од Општина Карпош.

Реклама

Притоа потсетуваат дека кабастиот отпад е крупен отпад од домаќинствата, кој поради својата димензија, тежина и волумен не треба да се фрла (одложува) во стандардните контејнери за комунален отпад.

Од ЈП Комунална хигиена – Скопје предупредуваат дека секое одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини претставува прекршување на Законот за јавна чистота и подлежи на санкции, а ваквото несовесно однесување може да резултира со исклучително штетни последици за животната околина и јавното здравје.