Реклама

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Бројките охрабруваат: За стабилна инфлација треба зголемување на домашното производство

И граѓаните го препознаваат „талогот“ во СДСМ: „Филипче си е добар неврохирург, не треба се занимава со политика“

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

Македонија

Ангелова: Рекорден буџет од 40 милијарди денари и инвестиции во образованието, науката и студентите

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ реализира најголеми инвестиции во образованието, високото образование и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ реализира најголеми инвестиции во образованието, високото образование и науката во последните години. Буџетот за образование во 2026 година достигнува рекордни 40 милијарди денари, што е значително повеќе од 32 милијарди во 2024 година – истакна на денешната прес-конференција пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Ангелова кое МИА го објавува интегрално.

По преземањето на одговорноста беа обезбедени дополнителни 900 милиони денари за редовна исплата на платите во училиштата и 1,4 милијарди денари за повисоки плати на универзитетските професори.

Буџетот за високото образование е речиси тројно зголемен, од помалку од 3 милијарди денари во 2022 година на 8 милијарди денари во 2026 година.

Реклама

Истовремено, буџетот за наука е зголемен од 380 милиони на 773 милиони денари, а само во 2025 година се обезбедени околу 370 милиони денари за педесетина научноистражувачки проекти од национален интерес, нешто што со години претходно не беше практика.

Во интерес на квалитетот на високото образование, затворени се 18 приватни научни институти и високообразовни установи кои не работеле согласно закон, а се подготвува и нова законска рамка за дополнително унапредување на системот.

По години застој, повторно се инвестира и во инфраструктурата. Реновирани се два државни студентски дома кои наскоро ќе бидат ставени во функција, започна реализацијата на долгогодишно блокираниот проект за новите објекти на ФИНКИ, а започната е и постапката за изградба на нов објект за Факултетот за физичка култура, спорт и здравје.

Додека претходната власт оставаше долгови и запираше проекти, денес Владата на предводена од ВМРО-ДПМНЕ гради систем кој инвестира во знаење, наука и во иднината на младите генерации.