Реклама

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Прилози

Анализа за 2024-та: Државната ревизија со сериозни забелешки за работењето на Агенцијата за вработување

Договор за работа од три дена, нејасни процедури за аплицирање, слаба контрола…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Договор за работа од три дена, нејасни процедури за аплицирање, слаба контрола на терен, нецелосна документација, селективен пристап. Државната ревизија откри низа нерегуларности во работењето на Агенцијата за вработување во 2024-та година. Сево ова довело до нерамномерна распределба на 23,4 милиони евра преку Активните мерки за вработување. Наместо кај невработените на цела територија на Македонија, мерките, односно паричната помош во најголем дел отишла кај оние од Скопје, Тетово, Куманово, Струга и Пробиштип. Во овие пет градови биле поделени 62% од вкупниот буџет за самовработување и над половина од парите за субвенционирање на плати и вработување, како и за раст на правни субјекти.

„При распределбата на средствата не е обезбеден принципот на рамномерен регионален развој. Кај одделни активни мерки, исплатите во скопскиот и дел од западните плански региони ја надминувале утврената квота и до четири пати, додека регионите од централниот и источниот дел од државата добиле помал обем на средства“– пишува во извештајот на Државниот завод за ревизија.

Ревизијата алармира на опасност од ненаменска поделба на пари, како и неусогласеност со законите. Имало случаи кога работници со само 3 дена работа, оделе “под биро“ и барале надомест за невработеност.

Реклама

„Ревизијата открила и случаи на договори за вработување на определено време склучени на само три дена, продолжување на договори над законскиот максимум од 5 години, како и повторно вработување кај ист работодавач по користење на правото на паричен надоместок, што упатува на потреба од зајакнување на контролите при остварувањето на ова право“ – пишува во извештајот на Државниот завод за ревизија.

За реализација на предвиденото, исплатени биле 23,4 милиони евра во 2024-та, што било зголемување од 16% споредено со 2023-та година. Дури 1,4 милиони евра се потрошиле з аобуки за ИТ вештини, меѓутоа проблемот е што 75% од луѓето не го положиле завршниот испит, па мерката се смета за ниско ефикасна. Агенцијата користела адвокатски услуги, но дури 77% отишле на сметката на само еден адвокат. Биле вршени и вештачења, без распишан тендер. За исплати од 12 илјади евра немало никаква документација. Инаку директори на Агенцијата  авработување во 2024-та беа кадри на ДУИ, по што кон крајот на годината, по промената на власта беше назначен в.д. од ВРЕДИ.