Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Прилози

Алиу: До 4 јули ќе бидат отворени шесте нови операциони сали

До 4-ти јули ќе биде отворен новиот оперативен блок односно шесте нови…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

До 4-ти јули ќе биде отворен новиот оперативен блок односно шесте нови хируршки сали во Клиничкиот центар, најави министерот Алиу. Се тестира медицинската опрема, се проверуваат системите и се вршат финалните технички подготовки пред просториите да ги примат првите пациенти.Хирурзите на клиниките за ТОАРИЛУЦ, Урологија и детска хирургија ќе работат во најсовремени услови.

“Пред нивното официјално пуштање во употреба треба да заврши процесот на верификација што го спроведуваат странски експерти. По завршувањето на оваа постапка, ќе следуваат уште три до четири дена во кои Институтот за јавно здравје ќе спроведе микробиолошки брисеви. За салите да бидат ставени во функција, потребно е три последователни резултати да бидат негативни” вели – Алиу.

Со новите операциони сали се очекува значително подобрување на условите за работа на медицинскиот персонал, побрзи и поефикасни третмани но и пократки листи на чекање. Министерот најави дека веднаш по нивното пуштање во употреба ќе започне реновирањето и на преостанатите четири хируршки сали.

Реклама

Истовремено, во јули се очекува да се пуштат во уптореба и новите реновирани седум хирушки сали во болницата „8 Септември“. Реновирањето во болницата е реализирано со инвестиција од 12 милиони евра од страна на ТАВ Македонија.