Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Азески во Брисел на дебата на највисоко ниво за проширување на ЕУ

Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески учествуваше на дебатата за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески учествуваше на дебатата за проширување на Европската Унија организирана од Европскиот економско-социјален комитет (ЕЕСК), на која присуствуваа повеќе од 500 претставници на институциите, бизнис-заедницата, социјалните партнери и граѓанското општество од земјите членки на ЕУ и од земјите кандидати.

Како што соопшти Стопанската комора, дебатата ја отворија претседателот на ЕЕСК, Шејмус Боланд и еврокомесарката за проширување, Марта Кос, која во своето обраќање истакна дека проширувањето останува еден од клучните стратешки приоритети на Европската Унија, со посебен акцент врз безбедноста, економскиот раст, подготвеноста на земјите кандидати и врз социјалната кохезија.

Во своето обраќање Азески нагласил дека на дебатата настапува како претставник на приватниот сектор од Западен Балкан. Тој посочил дека, според истражувањата, повеќе од 90 отсто од компаниите во регионот сметаат дека корупцијата, сивата економија и нефункционалната администрација и натаму се меѓу најголемите пречки за развој на бизнисот.

Реклама

Дополнително, Азески укажал на предизвиците поврзани со недоволно развиената гасна и транспортна инфраструктура, како и на потребата од поефикасно функционирање на правната држава како предуслови за забрзување на економскиот развој и на европската интеграција на регионот.

Азески истакнал дека интеграцијата на Западен Балкан треба да биде проследена со конкретни реформи што ќе создадат предвидлива деловна средина, ќе ја зајакнат конкурентноста на компаниите и ќе овозможат побрзо приближување до единствениот европски пазар.