Реклама

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

И наставниците се задоволни од успехот на учениците на испитите од државната матура

Владата не отстапува – историјата и идентитетот се црвената линија која нема да се погази

Цените остануваат стабилни – Инфлација од само 0,1% на месечно и 2,3% на годишно ниво

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Македонија

Авионска дезинсекција против возрасни комарци утре на скопската територија

Следната фаза од третманот против возрасни комарци ќе се реализира утре и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Следната фаза од третманот против возрасни комарци ќе се реализира утре и задутре со авионска дезинсекција доколку временските услови бидат поволни. Во случај на неповолни временски услови, третманот ќе биде одложен за првиот нареден ден со соодветни услови за што јавноста ќе биде навремено информирана – соопштија од Град Скопје.

– Град Скопје континуирано ги спроведува сите активности во согласност со законските прописи и стручните препораки, со цел намалување на популацијата на комарците и заштита на јавното здравје. Град Скопје останува посветен на навремено и ефикасно спроведување на сите мерки што придонесуваат за заштита на здравјето и подобар квалитет на живот на граѓаните – пишува во соопштението.

Од таму нагласија дека во согласност со годишната програма за спроведување мерки за дезинсекција, законските обврски што произлегуваат од Законот за заштита на населението од заразни болести, како и елаборатот изготвен од Центарот за јавно здравје – Скопје, се продолжува со реализација на следната фаза од годинешната дезинсекција против комарци.

Реклама

– Во текот на изминатиот период беа спроведени повеќе третмани за сузбивање на ларвите и на возрасните форми на комарците во согласност со утврдената динамика и стручните препораки. Дезинсекцијата против ларви беше реализирана на 7 мај – авионска дезинсекција, 11 јуни – авионска дезинсекција, 26 јуни – теренска дезинсекција, 10 јули – авионска дезинсекција, 23 јули – теренска дезинсекција. Дезинсекцијата против возрасни комарци беше спроведена на 1 и 2 јуни – авионска дезинсекција, 18 и 20 јуни – теренска дезинсекција, 27 и 28 јуни – авионска дезинсекција, 13 и 15 јули – теренска дезинсекција – се додава во соопштението.