Реклама

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Македонија

Рама: Албанија и ако стане членка на ЕУ нема да стави вето на Македонија

Албанија и ако стане членка на Европската Унија нема да го користи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Албанија и ако стане членка на Европската Унија нема да го користи правото на вето против Македонија во процесот на европска интеграција, изјавил албанскиот премиер Еди Рама пред учесниците на кампот „RinCamp 2026“ во туристичкото место Јал, на кој има и млади од Македонија.

Одговарајќи на прашањето на студент од Скопје, дали Албанија ќе стави вето на европскиот пат на Македонија, тој нагласил дека отсекогаш бил против употребата на вето во процесот на проширување на Европската Унија, опишувајќи го како механизам што ја попречува интеграцијата и не служи никому.

-Албанија нема вето да му наметне никому и никаде. Албанија има целосен интерес работите во Македонија да се одвиваат што е можно подобро, Албанија има целосен интерес односите меѓу двата формирачки народа во Македонија, а тоа се Албанците и Македонците, да бидат братски односи и да имаат односи на хармоничен соживот. Постигнат е голем напредок. Демократијата не е прошетка по асфалтиран булевар, туку е пат што има кривини и пресврти. Има подеми и падови, има моменти на тешкотии, но што се однесува до нас, ние го сакаме најдоброто за Република Северна Македонија, рекол меѓу другото Рама.

Реклама

Додал дека отсекогаш бил на мислење дека ветото во евроинтегративиот процесот не му служи никому. 

-Тоа се заложнички и во суштина се неконструктивни и не се корисни за приближување на земјите кон ЕУ. Да се ​​наметне вето на патот кон отворање преговори, не е европско, нагласил Рама, објави АТА.

Посочил дека долго време е посветен на нов пристап на Европската Унија кон земјите аспиранти, оценувајќи дека тие треба да бидат вклучени порано во европското донесување одлуки.

-Долго време сум посветен на промовирање различен пристап на ЕУ кон земјите кои сè уште не се членки. Започна процес на промени во оваа насока со новиот План за раст, со дискусиите што се во тек. Верувам дека земјите кои не се членки треба да седнат на масата на ЕУ. Политички, Европа мора да се обедини сега, а потоа секоја земја мора да ја исполни својата должност, смета Рама.

Зборувајќи за положбата на Албанците во регионот, Рама оценил дека тие денеска се во подобра ситуација отколку во кој било друг период од нивната историја и повика на одржување на овој напредок.