Реклама

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Мицкоски бара одговорност за Гостивар

Уапсени директорката и менаџментот на гостиварски „Комуналец“

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Македонија

Недостигот на судии-поротници и измените на надоместоците во фокусот на средбата на Министерството за правда и Кривичниот суд

Недостигот на судии-поротници и потребата од зголемување на нивните надоместоци биле во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Недостигот на судии-поротници и потребата од зголемување на нивните надоместоци биле во фокусот на разговорите меѓу Министерството за правда, претставници на Основниот кривичен суд Скопје и судиите-поротници.

Како што соопштуваат од Министерството за правда, министерот за правда Јетон Шасивари и заменик на министерот за правда, Ален Деребан оствариле работна средба со претседателката на Основниот кривичен суд Скопје, Даниела Димовска, како и со судиите-поротници.

– На средбата беше истакнато дека судиите-поротници имаат значајна улога во судскиот систем, обезбедувајќи активно учество на граѓаните во вршењето на судската власт и придонесувајќи за транспарентност, правичност и зајакнување на довербата во судството – стои во соопштението од Министерството за правда. 

Реклама

Дополнуваат дека министерот за правда бил информиран дека во јуни 2026 година Судскиот совет доставил барање за измена на Правилникот за надоместоците на судиите-поротници од 2018 година, со кое се предлага зголемување на висината на надоместоците.

Во разговорите било нагласено дека судовите се соочуваат со недостиг на судии-поротници, што претставува сериозен проблем за непреченото функционирање на судечките совети и навремено постапување по предметите.

Од Министерството за правда истакнале дека ќе ги разгледаат доставените предлози и ќе работат на изнаоѓање одржливи решенија за поефикасно функционирање на судскиот систем.