Реклама

Мицкоски: Реконструкцијата на Владата е со цел да има нова енергија за нов импулс, за уште повеќе работа, новата енергија е ново забрзување

Изборниот законик останува заглавен во собраниските лавиринти

Коцка ќе се фрла подалеку од училиштата, нема веќе агресивни светлечки реклами: стапува на сила новиот закон

Фактура по фактура, цена по цена – се чешла работата на маркетите, нема да се дозволи богатење на грбот на граѓаните

Во релативно краток период, Македонија стана сведок на сè погрозоморни и морбидни убиства

Кој останува, а кој заминува – вечерва по 20 часот ќе се знаат имињата на новите министри во Владата

Нови авиолинии, 6 нови автопати, обнова на железницата: Македонија станува нова раскрсница на Балканот

Од бизнис-идеја до сопствена работилница, младите охриѓани заинтересирани за мерките за самовработување

Македонија се простува од Владо Јаневски – погребот на 1 јули во Скопје

Стабилизација на цените на нафтата носи поевтина храна

ССКМ: Со стабилизација на цената на нафтата се очекува стабилизрање на цените

Ја задавил поранешната сопруга, па глумел дека сонот го одвел до телото – Нови детали за грозоморното убиство во Таор

Македонија

Мицкоски за Изборниот законик: Подготвени сме да прифатиме две од трите барања на СДСМ, барањата на Левица се прифатени

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека ВМРО-ДПМНЕ ги прифатила барањата на Левица за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека ВМРО-ДПМНЕ ги прифатила барањата на Левица за државно финансирање на партиите и дека се спремни да прифатат две од барањата на СДСМ за Изборниот законик, но дека не отстапуваат од електронското гласање кое предлагаат да започне на следните претседателски избори. Мицкоски рече дека Левица води непринципиелна политика и иако учествувале во работната група за Изборниот законик, одбиле да го потпишат. 

– Не, дека ние како Влада не успеавме. Ние како Влада направивме се да постигнеме консензус и тој консензус во текот на викендот ние го постигнавме и тука немаме никаква дилема. Она што е поважно сите препораки на ОБСЕ/ОДИХР беа вклучени во рамките на реформата која што ја правевме со Изборниот законик. Она што ја прели чашата беше обидот на политичката партија Левица да калкулира по милионити пат на македонската политичка сцена, а потоа како по правило СДСМ го следеше нивниот пример. Се обидоа преку филибастеринг односно преку опструкција на носењето на Изборниот законик да го блокираат. Дента кога требаше да се достави предлогот и да се потпише од пратениците ставот на таа политичка партија (Левица) беше дека тие нема да се потпишат, дека нема да го бојкотираат ама нека го донесат другите политички партии. И тогаш се јави дилемата – неколку месеци преговараме, има записници, има автентични документи од овие преговори, ваши предлози кои се прифатени, други предлози кои се прифатени – рече Мицкоски. 

Премиерот рече дека се прифатени барањата на Левица во врска со државното финансирање на партиите за време на изборите. – Но, на крај не можеме да се однесуваме дека не сме од овде и пред јавноста да глумиме дека ова си го договориле другите партии, ние сме посебни, нема да го бојкотираме ама ќе седиме на страна. Тоа е политички некоректно, не е етички, не е морално, на крајот на денот не е цивилизирано – рече Мицкоски. 

Реклама

Две од барањата на СДСМ за начинот на гласање (да не се заокружува бројката да се заокружува името) и во делот на изборната жалба од страна на набљудувачите и овластените претставници на политичките партии се прифатливи за ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски рече дека би прифатиле амандмани за нив доколку СДСМ ги поднесе. Црвената линија на ВМРО-ДПМНЕ, рече тој, е електронското гласање на дијаспората.  

– Наше единствено барање е да може да се овозможи од следните претседателски избори по електронски пат да гласа дијаспората. Изборот на претседател е поврзан со цензус, второ многу не чини кога испраќаме од Македонија во ДКП-та изборна комисија и нашата цел беше да ги намалиме тие трошоци, да овозможиме на дијапората електронски да гласа во ера на вештачка интелигенција, кога имаме десетици такви примери во демократските земји ширум светот. Еден човек, еден глас, кој што е регистриран и има македонски пасош. Тоа они го проблематизираат. За нас тоа е црвена линија, бидејќи тоа го прифатија. Лично беше прифатено од нивни претставници за време на седницата за пратенички прашања – рече премиерот Мицкоски.

Зборувајќи за постапките на Левица рече дека тие нема повеќе да ја толерираат нивната непринципиелна политика. – Ако мислат дека треба да пропадне оваа реформа – во ред. Нема да го донесеме. Од десет којшто треба да ги испорачаме во грејс период девет ќе испорачаме. Ќе одиме по стариот Изборен законик. Ако тие мислат дека тој е подобар за нив и за државата во ред. Но мора да се научиме на политичка култура, ако се договарате нешто и ако сте постигнале договор, тогаш морате тоа и да го браните – рече Мицкоски.