Реклама

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Македонија

Кузмановска: Со 5,4 милиони евра Владата ќе поддржува отворање нови работни места во компаниите

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува и докажува како се работи во интерес…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува и докажува како се работи во интерес на граѓаните, развојот на стопанство и раст на економијата, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Се преземаат мерки и се имплементираат политики кои значат вработување на македонските граѓани, зголемување на вработеноста преку мерки за самовработување и отворање на нови работни места.

Во оваа насока Владата донесе Оперативен план за вработување за 2026 година, во чии рамки е отворен и јавниот повик за финансиска „Поддршка за креирање на нови работни места“ во микро, мали и средни претпријатија, во социјални претпријатија, граѓански организации.

Реклама

Основна цел на мерката е поддршка со вкупен буџет од 332.650.000 денари или околу 5,4 милиони евра и креирање на нови работни места.

Со мерката една компанија може да добие поддршка за вработување на најмногу 5 лица и финансиска поддршка од 800.000 денари до 1.250.000 денари во зависност од целната група и од бројот на одобрени вработувања.

Ова претставува одлична можност за македонските стопанственици кои сакаат да го прошират и развијат сопствениот бизнис, со отворање на нови работни места и со тоа да придонесат за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на македонските граѓани.

По јавниот повик за самовработување кој беше насочен кон лица што сакаат да отворат сопствени бизниси, мерката за финансиска поддршка за креирање на нови работни места е втора по ред од Оперативниот план за вработување за оваа година, насочена кон компаниите.