Реклама

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Македонија

ДЗС: Пожар на тешко достапен терен кај месноста Пирин Чешма, валандовско, во гаснењето се вклучуваат два Ер трактора

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) информира дека денеска во 12:37 часот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) информира дека денеска во 12:37 часот е пријавен пожар на тешко достапен терен кај месноста Пирин Чешма во Општина Валандово. Веднаш по пријавата, на местото интервенираат екипи на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Валандово, кои и понатаму се на терен во обид целосно да го локализираат пожарот. Директорот на ДЗС Стојанче Ангелов информира дека набргу два Ер трактора на Дирекцијата набргу ќе се упатат кон месноста Пирин Чешма за да помогнат во гаснењето на пожарот.

Според информациите од Општина Валандово, пожарот во моментов се држи под контрола, но неговото гаснење е отежнато поради непристапниот терен, каде што механизацијата тешко може да интервенира.

Од локалната самоуправа посочуваат дека, според првичните сознанија, не станува збор за случаен предизвикувач на пожар, туку за лице кое добро го познава теренот и избира локации каде што противпожарните екипи најтешко можат да интервенираат.

Реклама

Паралелно со интервенцијата, ТППЕ Валандово повторно упати апел до граѓаните да не палат стрништа и други површини на отворен простор, потсетувајќи дека ваквите постапки се казниви согласно закон и претставуваат сериозна опасност за животот, имотот и животната средина.

– Против секое лице кое ќе биде затекнато или пријавено дека пали стрништа ќе биде поднесена соодветна пријава до надлежните институции, информираат од ТППЕ Валандово.

Од службата ги повикуваат граѓаните веднаш да пријават доколку забележат пожар на телефонските броеви 193 (Територијална противпожарна единица) или 112 (Единствен број за итни случаи). 

Овој пожар доаѓа само неколку дена откако Општина Валандово најави засилени мерки за превенција од пожари. На состанокот на Локалниот совет за превенција беше договорена поинтензивна координација меѓу надлежните институции, како и засилени контроли и патроли на критичните локации, со идентификација на лица кои се движат во ризичните подрачја.

Воедно, од општината потсетуваат дека сè уште е во сила владината одлука за целосна забрана за движење во шумите, освен за лицата кои поседуваат соодветна дозвола издадена од ЈП „Национални шуми“ – се посочува во соопштението од ДЗС. 

Надлежните повторно апелираат до граѓаните на максимална внимателност и одговорно однесување, нагласувајќи дека превенцијата останува најдобрата заштита од пожари.