Реклама

Корупцијата под лупа – институциите го стегаат обрачот околу поткупот

Македонската царина спречи милионски шверц на Богородица

Скопскиот градоначалник најави бесплатни униформи за сите средношколци во прва година

Македонија е прва во Европа по зголемениот број на туристи

37 нови градинки ќе бидат отворени до крајот на оваа и текот на следната 2027-ма година

Комисијата за заразни болести ќе даде препораки за заштита од западно-нилска треска, откако за една недела има нови 8 случаи

Разговори може, Бугари во Устав по бугарски терк не може: Македонија се уште жртва на капитулациите на Ковачевски и Османи

Инфраструктруните проекти да останат меѓу приоритетите, велат експерти за Алфа

Мицкоски: Очекувам пониски цени на горивата следната недела

Цените на нафтата на светските берзи продолжуваат да паѓаат и натаму сме најевтини во регионот

Гостивар под надзор поради ризик од хепатит А и Е

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Македонија

Вкупно 59 санкции за возачи на мотоцикли и електрични тротинети во Кочани и Виница, приведени тројца

Министерството за внатрешни работи утрово информира за 59 санкции во акциска контрола…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за внатрешни работи утрово информира за 59 санкции во акциска контрола на возачи на мотоцикли и електрични тротинети во Кочани и Виница, додека три лица биле лишени од слобода.

– Вчера во периодот од 17 до 22 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведе акциска контрола на подрачјето на Кочани и Виница, насочена кон санкционирање на возачи на мотоцикли и лесни електрични возила – тротинети, кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Во контролата биле изречени вкупно 59 санкции, од кои една за возач на лесно електрично возило – тротинет, 34 за управување мотоцикл без заштитен шлем – кацига, една за истечена полиса за задолжително осигурување, една за истечена важност на регистрацијата на мотоцикл, три за управување без соодветна категорија, една за управување под дејство на алкохол, две за други прекршоци сторени од возачи на мотоцикли и 16 за останати сообраќајни прекршоци – се наведува во соопштението.

При контролата биле откриени и три кривични дела, при што од слобода биле лишени три лица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – управување со моторно возило без да поседуваат возачка дозвола. Едно од лицата било малолетник, а притоа биле одземени три мотоцикли.

Реклама

– За сите сторители ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период. Апелираме до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Само со одговорно однесување можеме заеднички да придонесеме за побезбедни патишта – пишува во соопштението.