Десетици жители на улицата Козле, повеќе од еден месец се во мрак. Немаат улично осветлување. Се плашат навечер да ги пуштат децата затоа што ги изложуваат на опасност. Велат дека на ова место често има сообраќајки и сред бел ден, а навечер глетката е уште пострашна.
„Улицата од први јуни до ден денеска значи месец дена и шест дена, осветлувањето не работи. Коли има колку и да ти душа сака., по две три коли, само во оваа куќа се три станари има три четири коли. Во куќата се исто така по две три четири коли. Кај што не можеме да го користиме тротоарот, еве јас лично возам велосписд на кратки релации и кога се враќав сега во темницата бев исплашена ниту они ме гледаат мене ни јас ги гледам луѓето то одат пред мене во темницата за да не направиме проблем да се судриме“ вели Виолета Петковска – жител на Козле .
Се пожалиле и до надлежните во Град Скопје, но не добиле никаков одговор. Никој не им кажува зошто нема светло на улицата и имаат чувство дека никој не си ја работи работата како што треба. Зошто веќе еден месец жителите се без улично осветлување – прашавме и ние како медиум, но од Градот досега не добивме одговор. Нашата соговорничка лично се обратила и до градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, но и од таму не добила одгвор.

„Значи ние секогаш имаме некои проблеми нели ќе нема вода има квар, па по весници по портали ќе се објави граѓаните да се стрпат. Сега е молк. Тоа ме загрижува. Зошто никој не кажува зошто нема светло. „Ние имаме паркче тука карши Гоце Делчев сите излегуваат со децата да се прошетаат и се враќаат по истата таа темница значи нема тротоар мајки со колички ги заобиколуваме колите се изложуваме на опасност еве и самите глдате автобусите тука поминуваат и навистина толкава негрижа не сум видела“ рече Виолета Петковска – жител на Козле .
Покрај проблемот со осветлувањето, жителите во Козле се соочуваат со низа други проблеми. Поради топлото време, актуелни се змиите, а на ова место има напуштена куќа за која никој не води грижа и обрасната е со трева.
„До лани лето или пролет кога почнува да буи трева дрва, ниски грмушки ги косеа, дуири и ридот позади мене не се коси. сега ништо не се прави не знам зошто. Тоа е надлеѓност на општина карпош. Значи никој не доаѓа таму може деца да се заиграат топка да им падне навистина да има и змии таму, и не е убава глетка“ вели Виолета Петковска – жител на Козле.
По невремето, дождот предизвикува и слевање на земјата на патиштата, а надлежните не водат сметка ни за прочистување на атмосферскиот канал, па често се случува да протекува вода на улиците, и појава на мочуришта. Жителите велат дека глетката е катастрофална.
Граѓаните велат дека често се случува да ги видат и луѓето кои го чистат паркот, наместо да си ја работат работата за која се платени, да седат на клупа долго време и да не работат ништо, а тревата што ја косат, ја оставаат, па ветерот ја ранесува по улица.
