Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Македонија

ЖФК Тиверија Брера и ЖФК Каменица Саса за трофејот во Купот на Македонија

Финалниот натпревар од Купот на Македонија во женска конкуренција, во кој ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Финалниот натпревар од Купот на Македонија во женска конкуренција, во кој ќе се соочат ЖФК Тиверија Брера и ЖФК Каменица Саса, ќе се одигра денеска на стадионот на Македонија ЃП со почеток од 15 часот. Согласно пропозициите на натпреварувањето, ова финале ќе се одигра со примена на ВАР технологија.

За екипата на Тиверија Брера ова ќе биде второ финале по ред, откако минатата сезона беа поразени од Љуботен. Тимот од Струмица има континуитет на настапи во завршницата, со три последователни финалиња во периодот од 2017 до 2019 година, при што во 2018 успеа да го освои трофејот победувајќи го тимот на Драгон.

На другата страна, Каменица Саса ќе се обиде повторно да стигне до трофејот, откако во 2022 година убедливо триумфираше со 4:0 против Ас Јунајтед. Фудбалерките од Македонска Каменица беа дел од финалните дуели и во 2023 и 2024 година, но тогаш беа запрени од екипата на Љуботен.

Реклама

Правдата на натпреварот ќе ја дели судијата Марјан Дејаноски, заедно со неговите помошнички Вјолца Изеири и Ангела Домазетовска. Четврт судија на натпреварот е Фуркан Идризи. Додека, во ВАР собата ќе бидат Никола Костенчев и Дарко Видиниќ.

Машкото финале од Купот на Македонија помеѓу ФК Силекс и ФК Шкендија е закажано на 20 мај во 20 часот на Националната Арена „Тодор Проески“ – Скопје.