Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Жените од Делчево порачаа: Еднакви можности секој ден

Со засадување цвеќиња пред Спомен-домот АСНОМ во Делчево, Комисијата за еднакви можности…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со засадување цвеќиња пред Спомен-домот АСНОМ во Делчево, Комисијата за еднакви можности (КЕМ) при Општина Делчево ја започна кампањата „Еднакви можности секој ден“, по повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март.

На настанот учествуваа членки на Комисијата за еднакви можности, координаторките за еднакви можности од Општина Делчево, како и работнички, советнички, раководителки и претставнички на граѓанскиот сектор, месните и урбаните заедници. Во акцијата се вклучи и градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски.

Од КЕМ посочија дека целта на кампањата е да се испрати порака дека родовата еднаквост не треба да се третира само како тема поврзана со 8 Март, туку како вредност која треба да се применува секојдневно – во институциите, на работното место, во образованието и во семејството.

Реклама

Претседателката на Комисијата за еднакви можности, Адријана Илиевска-Велковски, истакна дека еднаквоста не е привилегија, туку право и дека треба да се практикува секој ден.

– Улогата на жените во општеството е огромна и можеме да се пофалиме дека во Делчево жените имаат значајно учество во системот. На жената треба да ѝ се даде глас и можност, бидејќи жената може и знае, нагласи Илиевска-Велковски.

Координаторката за еднакви можности, Сузана Петровска, посочи дека жените треба да бидат активни двигатели во општеството и да не остануваат неми пред предизвиците со кои се соочуваат.

– Оддаваме почит кон сите жени кои низ историјата и денес се бореле и се борат за еднакви права. Ќе продолжиме со нашата борба за решавање на проблемите со кои се соочуваат жените, особено кога станува збор за насилството, говорот на омраза и дискриминацијата, истакна Петровска.

Поддршка на кампањата даде и градоначалникот Иван Гоцевски, кој истакна дека денешната акција испраќа силна порака дека секоја промена започнува со мал, но искрен чекор.

– Секој засаден цвет е симбол на нов почеток, надеж и верба во подобра иднина. Жените се двигател на позитивните промени во заедницата – како мајки, професионалки, активистки и лидерки. Кога жените се здружени околу заедничка цел, резултатите се видливи и трајни, порача Гоцевски.

Во рамки на кампањата, во соработка со Организација ЖЕНА беа поделени флаери за значењето на еднаквите можности во едно здраво општество, а најавено е и одржување трибина посветена на родово базираното насилство.

Според податоците од Општина Делчево, во последните години се зголемува бројот на жени на одговорни функции во локалната заедница. Во моментов девет жени се директорки или раководителки на институции, има командирка на полиција, шест советнички во Советот на Општината, три претседателки и 15 членки во советите на месните и урбаните заедници, додека функцијата заменик-градоначалник ја извршува жена.