Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Зголемена исплата за солидарниот фонд за посмртна помош со незначителна задршка

 Организацијата за солидарен фонд за посмртна помош и членарина  на седница донесе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

 Организацијата за солидарен фонд за посмртна помош и членарина  на седница донесе одлука за висината на задршката и исплатата на посмртната помош за пензионерите за периодот од 1 јануари до 30 јуни 2026 година. Со оваа одлука, висината на исплатата за семејствата на починатите пензионери изнесува 40 000 денари, што претставува зголемување во однос на претходниот период, соопштија денеска надлежните од кумановското здружение на пензионери. Како што изјави Снежана Андова, претседател на Одборот на регистрираната организација за солидарен фонд за посмртна помош и членарина, станува збор за средства кои не потекнуваат од државниот буџет, туку се обезбедуваат исклучиво од личните придонеси на пензионерите.

-Ние одлучуваме за тие средства, бидејќи тие се лични средства на пензионерите. Тоа не се буџетски пари, ниту средства на товар на државата, туку на товар на секој пензионер, изјави Андова.

Одлуките за висината на задршката и исплатата, како што појасни таа, се носат на секои шест месеци од страна на Одборот и се објавуваат во Службен весник, со што се обезбедува транспарентност во работењето на фондот. Со најновата одлука, месечната задршка за солидарниот фонд е зголемена од 140 на 150 денари, односно за само 10 денари повеќе.

Реклама

-Сметаме дека ова зголемување нема значително да ги засегне пензионерите, а од друга страна обезбедува повисока финансиска поддршка за семејствата во најтешките моменти, нагласи Андова.