Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

Здружението на судиите поднесе дополнение на иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на измените на Законот за платите на судиите

Здружение на судиите на Македонија (ЗСРСМ) информира дека до Уставниот суд поднело…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Здружение на судиите на Македонија (ЗСРСМ) информира дека до Уставниот суд поднело дополнување на иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на измените на Законот за платите на судиите, со кое бара поништување/укинување на неуставно донесените незаконски измени на Законот, со кои платите на судиите остануваат замрзнати.

Судиите исто така нагласуваат дека дополнителен проблем создаваат и ниските плати, одливот на кадар на судската администрација и неисплаќањето на додатоците, од што директни последици трпат странките во постапките, односно граѓаните.

– Поради тоа, децидни сме на ставот дека доколку продолжи „уривањето“ на судскиот систем, ако ваквите неуставни измени на Законот опстојат и доколку судската администрација се остави на маргините и се продолжи да се деградира, судиите ќе изнајдат друга форма на покажување незадоволство и видлив протест, а ја поддржуваме и судската администрација на нови законити чекори за изразување на незадоволството за што изминатиот период е добиена поддршка од повеќето подружници на ЗСРСМ – стои во соопштението од Здружение на судии.

Реклама

Дополнувањето на иницијативата пред Уставниот суд, како што се посочува во соопштението, ги опфаќа последните измени на Законот донесени на 25 февруари годинава.

– Сметаме дека ваквиот пристап на пратениците од Собранието на Македонија, кои ги изгласаа овие измени на Законот во брза, неуставна и, за жал, само популистичка постапка, ќе има далекосежни последици во врска (не)владение на правото бидејќи е во спротивност со член 32 од Уставот на Македонија, а дополнително директно го нарушува и достоинството на судиската функција. Пратениците со мандат од 4 години мора да престанат со креирање, менување и укинување закони што имаат цел само да купат социјален и политички мир. Наместо да носат штетни и неуставни закони, кои генерираат правна несигурност, и наместо да се водат само од потребата за зголемување на политичкиот рејтинг, потребно е пратениците да ја согледаат реалната потреба за независно и непристрасно судство, што ќе биде гарант за владеење на правото и доследна борба со организираниот криминал и корупцијата како предуслов за европски напредок на земјата – се вели во соопштението од Здружението на судиите. 

Судиите, во соопштението, посочуваат дека во нашата земја „владее општо незадоволство, пред сè, од политичките структури во земјата, но и од судскиот систем, образованието и здравството, но најмногу владее незадоволството од економската состојба во државата и куповната моќ на граѓаните“.

– Појдовна точка и излезна врата од сите напластени проблеми, како во секое демократско општество така и кај нас, треба да бидат владеењето на правото и почитувањето на уставно загарантираните права на граѓаните. Затоа и пред гласањето на спорниот закон апелиравме до пратениците: не кршете го Уставот, не повторувајте ги грешките на претходните собраниски состави, не купувајте социјален мир со намалување на платите на една мала група граѓани, напротив, зголемете им ги платите на сите – се вели во соопштението на Здружението на судиите.