Намалувањето на буџетот за лекување на пациентите со ретки болести може сериозно да влијае врз терапијата и квалитетот на живот на околу 430 пациенти кои се лекуваат преку оваа програма, предупредуваат здруженијата.
Тие бараат итно решение, бидејќи лековите за дел од болестите чинат и стотици илјади евра годишно.
Темата денеска беше во фокус и на регионална дискусија во Скопје, посветена на предизвиците со кои се соочуваат лицата со ретки болести.
