Реклама

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Уапсен кумановски лихвар и насилник – Закани со колење на плоштад упатени кон премиерот Мицкоски

Мерките на Владата даваат резултати – дизелот поевтинува за два денари

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Македонија

Завршена санацијата на Музејскиот комплекс „Куќата на Робевци“ во Охрид

Завршија активностите за санација и реставрација на Куќата на Робевци во Охрид,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Завршија активностите за санација и реставрација на Куќата на Робевци во Охрид, еден од најзначајните и најпрезезентативни објекти од старата градска архитектура.

Со средства обезбедени од Охридскиот Завод и музеј и ресорното Министерство за култура изминатите месеци беа спроведени обемни зафати на објектот,  градежни интервенции на фасадите и на крововите, како на самата куќа така и на попратните објекти од спомениниот комплекс како што се Магазата, депото и Лапидариумот.

Како што посочи за МИА директорот на охридскиот Завод и музеј, Горан Патчев, изведена е и внатрешна реконтрукција на подовите, како и вградување нов систем за проветрување и затполување на Куќата на Робевци.

Реклама

– Станува збор за еден од најголемите проекти, со кој  се обезбедуваат идеални услови за самите експонати во објектот, меѓутоа и подобри услови и за вработените и посетителите, рече тој.

Објектот е предвидено да добие и нов систем за обезбедување, со оглед на тоа што во него се наоѓа и „Златната соба“, поставка во која се изложени околу 500 златни и позлатени предмети од временски период подолг од 25 века.