Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Завршен настан на проектот „Создавање традиционални носии на македонското, влашкото и ромското национално малцинство во регионот на Корча”

Во просторите на Педагошкиот факултет при Универзитетот „Фан Ноли” во Корча, Албанија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во просторите на Педагошкиот факултет при Универзитетот „Фан Ноли” во Корча, Албанија се одржа завршниот настан на проектот „Создавање традиционални носии на македонското, влашкото и ромското национално малцинство во регионот на Корча”.

Настанот го организираше Македонското друштво „Сонце“ во соработка со Педагошкиот факултет, а со поддршка на Комитетот за национални малцинства на Република Албанија.

-На овој важен настан присуствуваше првиот секретар во македонската амбасада во Тирана, Радмила Стојмировска. Во рамки на настанот беа презентирани традиционалните носии на трите малцинства кои беа изработени со голема љубов и посветеност од страна на познатата костимографка Лирика Појани од Корча. Со оваа иницијатива се истакнува важноста на зачувување на културното наследство и идентитетот на трите заедници, објави Амбасадата.

Реклама

Се додава, дека дополнително била промовирана информативната брошура посветена на историјата и значењето на овие носии, подготвена од Васил Стерјовски, која ќе „послужи како важен ресурс за размена на културни информации и зајакнување на меѓусебното разбирање помеѓу заедниците”.

На настанот учествувале бројни претставници на локалната и регионалната власт од Мала Преспа и Корча, како и бројни претставници на академската заедница и националните малцинства од корчанскиот крај.

-Се радуваме на организацијата на ваквите настани, кои ја истакнуваат културната разноликост на Албанија и автентичната улога на македонското национално малцинство во културниот мозаик на албанското општество, посочуваат од македонската Амбасада.