Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

Заменик министерот за внатрешни работи Исени оствари средба со турскиот амбасадор

Денеска заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени оствари средба со турскиот амбасадор,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денеска заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени оствари средба со турскиот амбасадор, Н.Е. Фатих Улусој, придружуван од неговите советници за внатрешни работи. На средбата соговорниците се согласија дека двете земји негуваат одлични пријателски односи и соработка.

Амбасадорот Улусој искажа благодарност за досегашната соработка помеѓу двете земји, а особено се заблагодари на поддршката и соработката со Министерството за внатрешни работи. Заменик министерот Исени се заблагодари на поддршката и помошта која Република Турција и ја дава на Република Македонија, оценувајќи ја соработката како исклучително пријателска. Тој ги презентираше предизвиците со кои се соочува МВР, нагласувајќи дека принципот на професионалност и воспоставување на еднакви можности за сите во МВР мора да се почитува.

На средбата беше потврдено дека Турција е еден од нашите најблиски партнери, како и важен сојузник во НАТО, а взаемниот долгогодишен пријателски и партнерски однос е надополнет со силна економска, трговска, безбедносна и културна соработка на која двете држави остануваат посветени.

Реклама

Заменик министерот Исени и амбасадорот Улусој се согласија дека од интерес на двете земји е соработката да продолжи и во иднина и таа да биде продлабочена.