Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

За трагедијата во „Пулс“ има уште две посебни постапки, едната за полициски службеници, другата за даночни инспектори

Покрај главниот процес за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, има и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Покрај главниот процес за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, има и посебна постапка против полицајци. Тие се сомничат дека во текот на повеќе од една деценија давале лажни уверувања и дозволувале дискотеката да работи без исполнети безбедносни услови. Дел од нив се веќе во притвор, а други се под мерки на претпазливост. Се товарат за „тешки дела против општата сигурност“ како соизвршители, бидејќи со нивните пропусти директно придонеле за создавање услови во кои се случи трагедијата.

Истовремено, изминатата недела Обвинителството соопшти дека е поведена постапка против група вработени во УЈП и Државниот пазарен инспекторат, кои се сомничат за мито и злоупотреби поврзани со истиот случај. Биле извршени претреси на нивните домови и работни места, а Обвинителството истражува дали тие имале улога во прикривање или олеснување.