Реклама

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Стоп за насилството врз жените, се бараат 7 милиони евра годишно и построги законски мерки за насилниците

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Македонија

Автентични вкусови, домашни деликатеси и богата програма на петтото издание на Слоу Фуд салонот

Петтото издание на Слоу Фуд салонот, ќе се одржи на 28 ноември…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Петтото издание на Слоу Фуд салонот, ќе се одржи на 28 ноември во Скопје, кое и годинава најавува ден исполнет со разновидни активности, нови сознанија, интересни разговори и многу поводи за уживање.

Производителите од сите конвивиуми на Слоу Фуд Македонија ќе ги претстават своите најдобри производи: млечни и сувомесни специјалитети, вкусна зимница, домашно сокови, производи од тартуфи, мед, маџун, маслиново масло, слатка, џемови и уште многу други деликатеси за љубителите на добрата храна. 

Како што најавуваат организаторите, станува збор за автентични вкусови што враќаат во детство а посетителите ќе имаат можност да ги дегустираат и да ги купат.

Реклама

Но, Слоу Фуд салонот е многу повеќе од продажна изложба. Посетителите ќе можат да проследат и богата едукативна и интерактивна програма. 

Најавени се мастер-клас за наградуваните вина на светските вински натпревари во 2026 година, мастер-клас за пивски стилови и дестилати, како и Слоу Фуд миксологија, преку која ќе бидат претставени интересни коктел-комбинации подготвени со пијалаци од Слоу Фуд производители.

Во рамките на Слоу Фуд Арена ќе се одржат панел-дискусии посветени на три актуелни теми: “Кога искуството ги среќава новите трендови – здрава детска исхрана за сите”, „Обичаите како начин за воздигнување на храната и „Вишокот храна: одговорности и решенија“ 

Школа за одржлива гастрономија е уште една активност на Слоу Фуд салонот каде ќе биде презентирано
 производство на леб од кисело тесто и како се прави сирење со пририродно сирило.

На Слоу Фуд инфо-дескот посетителите ќе можат да се запознаат со Слоу Фуд фармите, а на Слоу Фуд ѕидот, интерактивен простор посетителите ќе имаат можност да остават свој белег преку омилен рецепт, кулинарска мисла или порака посветена на храната.

Програмата вклучува и семинар за младински активизам, посветен на идеите, иницијативите и енергијата на младите кои сакаат активно да придонесат за промени во системот на храна.

За најмладите посетители е подготвена посебна авантура во детското катче “Не лути се, полжавче” каде што преку игра и забава ќе можат да го откриваат светот на храната.

Настанот ќе се одржи в сабота, на 28 ноември, во хотелот Континентал од 11 до 20 часот, а го организираат Слоу Фуд Водно и Слоу Фуд Македонија, со финансиска поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Шведска и We Effect.