Реклама

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Уапсен кумановски лихвар и насилник – Закани со колење на плоштад упатени кон премиерот Мицкоски

Мерките на Владата даваат резултати – дизелот поевтинува за два денари

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Македонија

За разлика од порано, сега се реагира веднаш за пожарите, а не се чека да изгори опфатениот дел, па да се гаси

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на соопштение на СДСМ: „СДСМ повторно бесрамно лаже за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на соопштение на СДСМ:

„СДСМ повторно бесрамно лаже за пожарот кој се случи во текот на вчерашниот ден во Чучер Сандево.

СДСМ беше власт 7 години и наместо да се позанимава со набавка на возила, модернизација или пак да покрене некаков чекор за борбата со огнените стихии, тие гледаа од каде тендер да наместат и да ќарат провизии.

Реклама

За разлика од порано кога државата во летните периоди беше во пламен, сега се реагира веднаш.

38 возила се ставени во употреба за гаснење на пожарите, Македонија за прв пат со оваа Влада добива интервентна пожарна со 50 специјализирани возила за гаснење на шумски пожари, кои имаат одлични карактеристики и капацитети за справување со тешко достапни терени.

Армиските и полициските возила се пренаменети и ставени на располагање на Владата и на Дирекцијата за заштита и спасување со цел зголемување на капацитетите за справување со пожарите во земјава.

Со пренамена на полициски и армиски возила државата заштедува неколку десетици милиони евра, а се зголемуваат капацитетите за гаснење на пожари.

На располагање се и по два полициски и армиски хеликоптери кои се подготвени доколку има поголеми пожари и огнени стихии.

По 400 евра за 400 невработени се предвидени за сезонски работници за борбата со пожарите низ државата.

Имаме план, Македонија ќе ги зачува белите дробови.“