Реклама

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Стоп за насилството врз жените, се бараат 7 милиони евра годишно и построги законски мерки за насилниците

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Македонија

Клековски: Ги завршив интервјуата во АНБ за мојот сертификат, очекувам наскоро да добијам пристап до досието за кардиохирургијата

Министерот за здравство Сашо Клековски очекува наскоро да добие пристап до досието…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за здравство Сашо Клековски очекува наскоро да добие пристап до досието поврзано со случајот познат во јавноста како „Досие кардиохирургија“, по што најави дека ќе ја информира јавноста за сознанијата.

Случајот се однесува на сериозните обвинувања што ги изнесе интервентниот кардиолог проф. д-р Сашко Кедев за наводно извршување непотребни операции и интервенции на срце во здравствени установи во земјава, првенствено во приватниот сектор, со цел остварување финансиски профит.

Одговарајќи на новинарско прашање дали ги разгледал досието поврзано со случајот, Клековски рече дека ги завршил интервјуата во Агенцијата за национална безбедност (АНБ) во врска со неговиот сертификат и очекува наскоро да може да пристапи до документацијата.

Реклама

– Ги завршив интервјуата во АНБ за мојот сертификат. Се надевам дека многу брзо ќе можам да пристапам до досието и да ве информирам. Мислам дека сум најдоследен во барањето да има разрешница за сите случаи, како што во изминатите две години имаше кривични постапки и пресуди – изјави Клековски.

Тој посочи дека во здравствениот систем веќе има случаи во кои се изречени судски пресуди, наведувајќи го како пример случајот со поранешниот директор на Јавната здравствена установа Геријатрија.

Министерот нагласи дека јавноста не треба да има дилема оти заштитата на пациентите и квалитетот на здравствените услуги се приоритет за здравствените власти.

На дополнително прашање дали документацијата за спорните кардиохируршки интервенции е доставена до Јавното обвинителство, имајќи предвид дека неговиот претходник најавил дека ќе биде испратена до сите надлежни институции, Клековски одговори дека во моментов нема таква информација.

Тој додаде дека откако ќе добие пристап до досието, ќе може да даде повеќе информации за случајот.