Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

За пет дена почнува редовниот откуп на тутунот, тутунарите и понатаму во неизвесност околу висината на откупните цени

        Борбата на тутунарите за висината на цената за која годинава ќе им…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

        Борбата на тутунарите за висината на цената за која годинава ќе им биде откупен макотрпниот труд, продолжува. На само пет дена пред крајниот законски рок за почеток на редовниот откуп, тутунарите ставени на игнор и од ресорното Министерство, и од откупувачите околу нивното барање заеднички да ја дефинираат откупната цена.

   „За 300 денари, тутунот не сакаме да го даваме. Не можеме да ги покриеме трошоците. Над 400 треба да биде оти народов живее од тутун. Овде гледам младите бегаат, бараат живот, оти ние сме млади и сакаме да бидеме овде. А сето е оскапено и не ни се покриваат ни трошоците“, – ни рече Абдул Алиоски, млад тутунопроизводител од с. Канатларци.

  „Тутунот за 300 денари не го давмаме, ќе го чуваме за другата година, ама за 300 денари – не. 300 денари не не’ покриваат, 400-450 да биде. Даваме 4 5 тони секоја година, наводнуваме, имаме избушено бунари, трошок имаме, бензин потрошено, нафта. Мора да се поткрене тутунот. Ако не се поткрене, нема четвртина народ да предаде тутун“, – Али Алиоски, тутунопроизводител.

Реклама

   И додека македонските тутунари, притиснати од роковите, но и од актуелните прениски откупни цени периодов не знаат кој крај да го фатат, помош во конретен предлог пристигна од опозицијата.

   „Кога државата би влегла во целиов процес, конкретно преку ТК Прилеп кој што на неговите кооперанти ќе понуди повисоки цени, таа политика ќе ја следат и другите компании. Другите компании гледаат дека Министертвото, државата се трга на страна, не презема иницијатива да најде соодветно решение и нормално тие викаат дека не можеме да ја поткренеме цената. На пет дена пред откуп да немате став, да немате одговори на прашањата од тутунарите, да не понудите решение, е крајно несриозно“, изјави Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

   Инаку, годинава родот е со добар квалитет, но е преполовен и ќе тежи едвај 12-13 милиони килограми тутун, наспроти очекуваните 26 милиони. Тутунарите бараат актуелната откупна цена со анекс на договорите да се зголеми од 5 на 10 евра за килограм. Респрниот министер пак, се пофали дека годинава цената ќе достигнела до 400 денари, кои за тутунарите се неприфатливи. Според Законот, откупот треба да започне на 15-ти декември.

 Каролина Дурло