Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

Втор ден комисиска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Втор ден дебата за буџетот 2025 година – власта и опозцијата со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Втор ден дебата за буџетот 2025 година – власта и опозцијата со различни ставови.За пратениците од опозицијата буџетот е неразвоен, додека за владејачкото мнозинство новиот буџет ќе донесе за граѓаните раст и подобар животен стандард. Од ВМРО ДПМНЕ велат дека со буџетот за следната година издвоен е рекоден износ за капитални инвестиции, а Македонија ќе биде претворена во градилиште.Со предлогот на власта ќе има повеќе пари за повисоки плати во вкупен износ од 10 милијарди денари повисоко од 2024 – здравствените и просветните работници ќе добијат најголемо покачување. А ќе има и повисоки пензии.

“Покрај зголемувањето на платите, со буџетот е предвидено и второто зголемување на пензиите почнувајќи од март за над 330 илјади пензионери во износ од 2.500 денари. Со ова го исполнуваме предизборното ветување за раст на пензиите за 5.000 денари линеарно за секој пензионер во првата година од мандатот.Со Буџетот за 2025 година издвоени се рекорден износ за капитални инвестиции, а Македонија ќе биде претворена во градилиште” – вели Бојан Стојановски, пратеник од ВМРО ДПМНЕ.

Поранешната директорка на УЈП, сега пратеничка, Сања Лукаревска се правда дека од 2022 до 2024 година буџетите кои биле носени од претходната власт биле во кризно време.Дафина Стојановска од ВМРО ДПМНЕ и реплицираше дека претходната власт била  мајстроска во носење буџети во криза.Таа ги обвини дека злоупотребувале огромни финансиски средства и дека затоа ќе одговараат.

Реклама

Инаку, државата до година планира да прибере 5,8 милијарди евра, а да потроши 6,5. Дефицитот ќе се движи на ниво од 4,4 % од БДП, а инфлацијата на ниво од 2,2 проценти.

Опозицијата која поднесе над 200 амандмани вели нема да го гласа буџетот бидејќи со него Владата само ќе ги задолжува граѓаните.