По успешното пилот-издание лани, следната 2027 година проектот „КАСИНИ спејс кампс (CASSINI Space Camps 2027)“ доаѓа и во Македонија како една од шесте земји домаќини. Се работи за иницијатива на Европската комисија, преку Генералниот директорат за одбранбена индустрија и вселена.

Локален организатор е „Њумен’с бизнис акселерејтор (NewMan’s Business Accelerator)“, којшто од 10. до 18 јануари 2027 ќе го одржи деветдневниот камп „Mission Macedonia 2030: Solving Earth Challenges with Space (Мисија Македонија 2030: Решенија на предизвиците на Земјата со вселената)“. Кампот ќе се реализира во Виница, со завршна презентација на младинските иновации во Скопје. Учеството е бесплатно и наменето за 35 лица на возраст од 14 до 18 години, со што им се овозможува на младите од различни средини пристап до можности во рамките на растечкиот вселенски екосистем во Европа.
Првото издание ќе опфати шест локални кампови во Австрија, Кипар, Литванија, Македонија, Полска и Шпанија.

Младите ќе имаат можност да учат од повеќе од 40 домашни и меѓународни експерти, да истражуваат вселенски технологии и да развиваат иновативни решенија за реални предизвици во земјоделството, животната средина, мобилноста и секојдневниот живот.
Повеќе за оваа европска иницијатива на овој линк. Пријавувањето ќе биде отворено од 5 до 20 ноември 2026 година, а деталите и линкот за аплицирање ќе бидат објавени наскоро.

