Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

Врховниот суд ја укинал пресудата на скопска Апелација за Васил Јованов за продажба на дрога

Врховниот суд ја укинал пресудата на скопска Апелација со која Васил Јованов…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Врховниот суд ја укинал пресудата на скопска Апелација со која Васил Јованов беше осуден на три години и 10 месеци затвор за кривичното дело поседување и трговија со наркотици.

Одлуката ја донел Советот за казниви дела при Вроховниот суд една недела пред вчерашната пресуда со која младиот Јованов беше осуден на 12 години затвор за сообраќајката во која смртно ја прегази 22-годишната Фросина Кулакова на пешачки премин во Скопје.

Врховниот суд, како што се наведува на седница одржана на 7 мај го уважил барањето на Васил Јованов за вонредно преиспитување на правосилната пресуда за поседување и продажба на дрога, што тој го поднел преку адвокат.

Реклама

„Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија, на седницата одржана на ден 07.05.2025 година, донесе пресуда КВП2-43/25, со која го уважи барањето на осудениот В.Ј. од Скопје, за вонредно преиспитување на правосилната пресуда  поднесено преку бранителот Панче Нефтенов, адвокат од Скопје, ја укина пресудата на Апелациониот суд Скопје КЖ-1047/24 од 05.02.2025 година и предметот го врати на второстепениот суд на повторно постапување и одлучување“, се наведува во соопштението на Врховен, објавено на веб-страницата на Судот. 

Инаку, пресудата за ова кривично дело Основниот кривичен суд Скопје го зеде како отежнителна околност при донесуавњето на пресудата и одмерувањето на висината на казната што вчера му ја изрече на Јованов за сообраќајката во која ја прегази Фросина Кулакова.

Сепак, за време на рочиштето вчера, воопшто не беше споменато дека пресудата за претходното кривично дело на Јованов е укината и вратена на повторно одлучување во второстепениот суд.

Сега, покрај за предметот за поседување и продажба на дрога, Апелација се очекува да одлучува и за вчерашната пресуда за сообраќајката бидејќи одбраната најави жалба поради висината на казната.