Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Македонија

„ВРЕДИ“ почна постапка за формирање на Албанска академија на науките и уметностите во Македонија

„Албанска академија на науките и уметностите“ за сега функционира како здружение, а…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Албанска академија на науките и уметностите“ за сега функционира како здружение, а ќе се финансира од општините, но вицепремиерот Изет Меџити не ја исклучува можноста за приклучување и заедничко делување на албанските академици во Македонската академија на науките и уметностите.  

  • „Во првата фаза ќе има поддршка од општините. Понатаму ќе разговараме, ќе преговараме, ќе се најде решение. Сетоа тоа ќе оди во прилог на државата. Можеби и тоа ќе биде решението, но и МАНУ треба да ги отвори вратите. Јас реторичко прашање ќе поставам зошто нема ниту еден Албанец вработен во МАНУ? 2024 година сме, дали втората заедница нема луѓе кои сакаат да се занимаваат со наука? Ова е предизвик, прашањето го отвараме и заеднички треба да најдеме решение а ќе го затворам со тоа се додека граѓаните бараат да бидат школување и да бидат вклучени во академскиот живот треба да бидеме среќни бидејќи тоа е иднината на земјата“ рече вицепремиерот Меџити.

Интегративците се незадоволни од поставеноста и владеењто на ВРЕДИ. За ДУИ единствено прифатливо решение е Албанец да биде пртседател на МАНУ.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Македонската академија на науките и уметностите е единствената институција која ја обединува македонската научна мисла и во нејзиниот состав има научници од различни етнички заедници. За нив, критериум за членството МАНУ не може да биде етничка или политичка припадност, туку научните достигнувања и придонесот во општеството.  

  • „Науката е столб на напредокот и просперитетот на секое општество и затоа е исклучително важно да се зачува нејзината автономија и непристрасност. Политизирањето на науката може да доведе до субјективност и пристрасност во истражувањата, што ќе го загрози нејзиниот кредибилитет и квалитет. Еден од главните аспекти на науката е нејзината способност да ги премостува разликите и да се фокусира на факти и докази, без оглед на етничката припадност на научниците. Не’ радува фактот што албанските партии во власта бараат свое место за Албанците во науката, тоа го поздравуваме и покажува разлика од тоа што го правеше ДУИ кои бараа места само во тендерски зделки и при тоа станаа зелена партија“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

И експертите со став дека  дека секаде во светот Академиите за наука и уметности се национални установи поврзани со нацијата и со државата, а не со етникумите.