Реклама

Фон Дер Лајен пред Европскиот Парламент: Канада доби историска покана од ЕУ, Македонија и Западен Балкан нови патокази за членство

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Македонија

Волонтерите се движечката сила на кумановскиот Црвен Крст

Општинската организација на Црвениот крст Куманово, денеска го одбележа 5 декември, Светскиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општинската организација на Црвениот крст Куманово, денеска го одбележа 5 декември, Светскиот ден на волонтеризмот. Црвениот крст како што кажаа надлежните од организацијата е една од највлијателните и најактивните хуманитарни организации во земјата, а срцето на таа структура се волонтерите, луѓето што секојдневно, тивко и посветено, стојат зад секоја активност.

Секретарот на Црвен крст Куманово, Ива Младеновска во изјавата за медиумите кажа дека овој ден е симбол на човечност, солидарност и посветеност – вредности што не се мерат со големи зборови, туку со конкретни активности на терен.

– Волонтерите се присутни во сите сегменти на делувањето на организацијата: од социјалните програми и едукативните кампањи, до поддршката на граѓаните под социјален ризик, како и во интервенциите во кризни состојби. Особено значајна е и улогата на крводарителите, кои со својата несебичност спасуваат човечки животи, изјави Младеновска. Во однос на волонтерството кај младите, одзивот е особено охрабрувачки. Младеновска посочи дека во последните години расте интересот на младите да се приклучат на организацијата, а значајна улога во тоа имаат училишните клубови. Денес, речиси во секое основно и средно училиште во Куманово функционира ваков клуб, што претставува систематски начин за мотивирање и вклучување на учениците во волонтерски активности. Во однос на бројот на крводарувања и акции годинава се очекува рекордна бројка од околу 3.000 дарувања во Куманово. Забележлив е позитивен тренд, а Црвениот крст активно работи на проширување на соработките со компании и институции за организирање нови крводарителски акции. Меѓу новите партнери е и фабриката „Дрекслмаер“, како и неколку здравствени лаборатории со кои се веќе планирани активности за наредната година. Црвениот крст додели благодарници на волонтерите, на нивните соработници, на медиумите.

Реклама

Еден од нив е и Љубиша Гиевски, кој доби благодарница за 100 крводарувања.- Прекрасно е чувството дека знаеш оти си помогнал некому. Им порачувам на младите да даруваат. Јас потекнува од семејство крводарители, на секои три месеци дарувам крв, изјави Гиевски, кумановец-вработен во маркет. Црвениот крст Куманово, преку својата мрежа на волонтери, крводарители и активисти, останува пример за организирана хуманост и солидарност вредности кои, како што нагласи Младеновска, се најсилни тогаш кога се преточени во дело.