Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Во затворот во Штип право на глас имаат 221 осудено лице од 42 општини и за Град Скопје

Без никакви проблеми, точно навреме е отворено гласачкото место во штипскиот Затвор.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Без никакви проблеми, точно навреме е отворено гласачкото место во штипскиот Затвор. Со право на глас се 221 осуденици од 42 општини кои може да гласаат за кандидати за градоначалници, советнички листи и за градоначлник на град Скопје.

„ Нашето гласачко место беше отворено точно навреме, во 7часот.  Вкупно гласачи имаме 221. Од цела Македонија, има затвореници. За Скопје, се гласа и за градоначалник и за советници, како и за други скопски општини. Вкупно се 42 лица и досега гласањето се одвива нормално, без никакви проблеми„ изјави Жаклина Парчаклиева, член на избирачкиот одбор во штипскиот Затвор.

Откако ќе гласаат, осудениците ги ставт гласачките ливчиња во плико и ги спуштаат во две посебни гласачки кутии-едната за градоначалник, а другата за советници

Реклама

Покрај осудниците, денеска гласаат старите и изнемоштени лица. По дистрибуција на избирачкиот матрејал, членовите на избирачките одбори се упатија во домовите на граѓаните, кои поради здравствени причини не можат дад гласат на своето избирачко место.  

„Сите 152 пријави беа прифатени, односно усвоени и сите 152 лица ќе можат да го остварат своето право на глас во домашни услови„ изјави Виктор Ваце, претседател на ОИК-Штип.

Екипата на Тв Алфа  го посети домот на 78 годишната штипјанка Ленка Божанова. Поради болест, таа на овие локални избори прв пат ќе гласа во домашни услови..

„ Ова ми е прв пат да гласам дома. Досега сум гласала на сите избори„ изјави Ленка Божинова.

„ Се запазува приватноста, овде е и полномошникот, кој помага при гласањето доколку не е во можност болниот. Неговите гласачки ливчиња се стават во плик„ изјави Билјана Патраклилева-претседател на ИО.

На вие локални избори во општина Штип, со право на глас се 41.411 граѓани.