Реклама

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Прифатен предлогот за определување нова мерка притвор против Дејан Јованов „газда Деко“ во случајот Пулс

Фон дер Лајен: Македонија ѝ припаѓа на ЕУ, ќе ја пречекаме со македонскиот идентитет и јазик

Мицкоски по совет на Фон дер Лајен побарал од Муцунски официјално да закаже средба со неговата бугарска колешка следната недела во Софија

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Свет

Во САД превирања околу пописот

Нелегалните имигранти да не бидат попишани. Претседателот Доналд Трамп донесе извршна наредба…

Сподели:

Нелегалните имигранти да не бидат попишани. Претседателот Доналд Трамп донесе извршна наредба со која жителите без легален престој треба да бидат исклучени од најголемата статистичка операција која е во тек.

Резултатите од пописот го одредуваат начинот на кој се прераспределува федералниот буџет, бројот на претставници во Конресот што ги добива секоја од сојузните држави, а може да ги промени и границите на изборните единици кои може да бидат прекроени пред следното гласање.

Сепак, според дел од експертите, ова би имало мало влијание на прераспределбата на мандатите меѓу републиканците и демократите.

Реклама
  • „Минатата година направивме прелиминарна прогноза за тоа како би изгледал Конгресот доколку не ги сметаме нелегалните имигранти. Заклучивме дека Калифорнија, Тексас и Њујорк ќе изгубат по еден законодавец. Охајо, Алабама и Минесота би добиле дополнително место“ вели Марк Крикоријан, Центар за проучување на проблемите со имиграцијата.

Од Белата Куќа, пак, велат дека би било нарушување на демократските принципи доколку на луѓето без документи им се овозможи да добијат политичко влијание.

„Голем дел од овие странци уште од старт се влезени во земјата на нелегален начин“ пишува во претседателската извршна наредба.

Активистите за човекови права тврдат дека ова е обид на Доналд Трамп да им се додвори на неговите приврзаници, што може да има значајни последици на заедниците.

  • „Ова ќе влијае на сите, не само на недокументираните мигранти, туку на целите заедници. Исто така ќе влијае на квалитетот на јавното образование. Нема да се избројат дел од децата и со тоа помалку ресурси ќе бидат распределени за некои училишта“- вели Хелена Олеа, Алијанса Америка.

Правни експерти веќе најавија судска постапка за најновата претседателска одлука бидејќи Уставот предвидува да бидат попишани сите кои се наоѓаат во државата.

Лани Врховниот суд ја стопираше намерата на Доналд Трамп во пописот да биде вклучено и прашање за поседувањето на државјанство, но администрацијата може да ги добие овие информации и на друг начин.

  • Владата добива податоци од различни извори. Од агенциите кои издаваат возачки дозволи, од даночните власти, од јавните услуги. Така се обидуваат да утврдат кој е државјанин, а кој не- вели Џулија Гелат, Институт за миграциски политики .

Идејата на Доналд Трамп за вметнување на прашање за државјанството не помина, но годинава на негова иницијатива, за прв пат на пописот може да се запише земјата на потекло.

Тоа значи дека ќе се знае колку точно Македонци како и Американци со македонско потекло живеат во САД од што зависи колку пари државата ќе одвои за развој на македонската заедница.

  • Во минатото го имавме само Истражувањето на американската заедница. Но, тоа е само истражување. Пописот ќе даде целосен преглед-рече Викторија Велкоф, заменик-директорка за демографија во Бирото за попис на САД . 

И заменик-директорката за демографија во Бирото за попис на САД има македонско потекло.

  • Многу сум возбудена што можам да се запишам како Македонка, исто како и моите двајца браќа. Горди сме на нашето потекло- вели Викторија Велкоф, заменик-директорка за демографија во Бирото за попис на САД .

Во Соединетите Држави попишувачите не одат од врата до врата, документите се праќаат по пошта или се пополнуваат електронски, на интернет.

Овде пописот се одвива на секои 10 години. Годинава процесот на попишување е продолжен, поради пандемијата.

За Алфа од Гласот на Америка, Никола Крстиќ во Вашингтон.